Uncategorized
Швеѓаните најактивни во донесувањето одлуки во фирмите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/af5d5957-9987-4f2e-bcaf-70e0b6061d97.jpeg)
Вработените во шведските претпријатија најмногу учествуваат во донесувањето на одлуките, додека полските претпријатија по тоа прашање се организирани „диктаторски“.
Вработените во шведските претпријатија најмногу учествуваат во донесувањето на одлуките, додека полските претпријатија по тоа прашање се организирани „диктаторски“.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за меѓународен менаџмент на Универзитетот во Линц, Австрија, каде што се опфатени претпријатија од Германија, Шведска, Финска, Чешка и Полска.
Вработените најмногу се вклучени во донесувањето одлуки во претпријатијата во Шведска. Експертите кои работеле на истражувањето тоа го објаснуваат со фактот дека во шведското општество, еднаквоста и праведноста спаѓаат во темелните вредности.
Во Финска и Германија учеството на соработниците при донесувањето на одлуките се остварува во инструментална смисла, односно поради остварување подобри резултати.
Испитувањето покажува дека „Финците работат мошне автономно и тие ја вклучуваат партиципатијата, тогаш кога има смисла“.
Претпријатијата во Полска се водат на начин, кој што е многу хиерархиски организиран, покажуваат резултатите од истражувањето каде што се наведува дека од вработените во полските претпријатија се бара стручно знаење, но не и нивно мислење.
Претставниците на менаџментот во чешките претпријатија покажуваат дека многу од нив се запознаени со западните концепти на менаџментот и оти многу се залагаат за учество на вработените во донесувањето на одлуките.
Но, според истражувањето, постои голем јаз меѓу теоријата и праксата во Чешка, затоа што однесувањето на водечките структури во однос на донесувањето на одлуките носи печат на диктатура.
/крај/хи/ам
Copyright 2007
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);