Uncategorized
Најмалку 19 загинати во новиот бран напади во Ирак
Најмалку 19 цивили загинаа во новиот бран напади во Ирак, соопштија денеска безбедносни извори.
Најмалку 19 цивили загинаа во новиот бран напади во Ирак, соопштија денеска безбедносни извори.
Според истите извори, 13 лица загинаа во две експлозии на автомобил бомба во Багдад, додека во југозападниот дел на ирачката престолнина осум лица загинаа, а 39 се повредени кога бомбаш самоубиец со камин полн со експлозив удрил во колона на една бензинска пумпа.
Непосредно пред овој напад, во центарот на Багдад загинаа пет, а беа ранети 15 лица. Последното гранатирање на Баб ал-Шеик во центарот на Багдад загина еден минувач, а шестмина се повредени.
Во експлозија на бомба подметната крај патот во близина на Универзитетот Мустансарија загина еден минувач, а тројца беа ранети.
Од болницата Ал-Кинди во Багдад соопштија дека биле примени седум повредени лица, од два други напади.
Ирачките медиуми јавуваат дека во источниот дел на Багдад полицијата распоредила тенкови и блиндирани возила, само 48 часа по еден од најсмртоносните напади во Ирак во последните четири години, во кој во саботата загинаа 130 лица, воглавно шиити.
Полицијата и војската контролни точки поставиле и во делови од Карада, Расаф, Мустансарија, Адхамија и Садар Сити, како и на источниот брег на реката Тигар, кој го дели Багдад на северен и јужен.
Во Киркук, 250 километри северно од Багдад, вооружени лица нападнале шиитски работници, при што двајца убиле, а еден раниле.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.