Контакт

Спорт

Манчини, наскоро, најплатен менаџер на Островото

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, кој ќе го направи најплатен менаџер на Островот.

dobivaj vesti na viber

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини, наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, кој ќе го направи најплатен менаџер на Островот. Според „Дејли Мирор“, на италијанскиот стручњак ќе му биде понуден тригодишен договор, според кој Манчини ќе има годишна плата од 5 милиони фунти. Преговорите на застапникот на Манчини и претставниците на Сити се движат во посакувана насока и само е прашање на време кога тој ќе биде потпишан. Актуелниот договор на поранешниот тренер на Интер со Манчестер Сити истекува во 2013 година, со новиот договор тој меѓу „граѓаните“ би останал до 2015 година. Манчини на „Етихад“ стадионот пристигна пред две сезони, во тој период не освои ниту еден трофеј. Првиот трофеј Сити со Манчини го освои во неговата трета година како менаџер, лани „граѓаните“ победија во ФА купот, а во актуелната сезона се на добар пат да стигнат до толку посакуваната титула во Премиер лигата. Единствен неуспех на Манчини и Сити, во тековната сезона е елиминацијата од Лигата на шампиони.  крај/mirror.co.uk/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот во Атина

Објавено пред

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до финалето на турнирот во Атина, од серијата 250. За Ѓоковиќ ова е 144-то финале во кариерата, досега има освоено 100 титули.

dobivaj vesti na viber

Во третиот меѓусебен натпревар, Ѓоковиќ беше подобар од 117-от играч на планетата, Јаник Ханфман со 6:3, 6:4.

Новак ќе се бори за 101-от трофеј во сабота од 16:00 часот, а неговиот ривал ќе биде подобар од средбата меѓу Лоренцо Мусети и Себастијан Корда.

Српскиот ас рутински стигна до првиот сет, додека во вториот мораше да малку да се помачи, откако доживеа брејк, направи серија од 4:0 и со тоа го скрши противникот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бисума жртва на измама, останал без милиони евра

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума, наводно е жртва на голема измама во која изгубил повеќе од 800.000 фунти (околу 950.000 евра), а средствата биле префрлени од неговата банкарска сметка без негово знаење.

dobivaj vesti na viber

Загубата, како што е наведено, се случила помеѓу септември 2022 и јуни 2024 година, а осомничениот бил уапсен пред повеќе од една година и се соочува со затворска казна, пишува „Goal.com“.

Според „Сан“, Бисума претрпел значителни финансиски загуби предизвикани од Морис Гомес (31). Тој бил приведен во 2024 година откако фудбалерот го пријавил кај властите.

Полицијата потврди дека во октомври оваа година, Гомес бил обвинет за „две обвиненија за измама со лажно претставување“. Доколку биде прогласен за виновен, максималната казна за секое кривично дело е 10 години затвор.

Парите наводно биле префрлени од ВИП банкарската сметка на Бисума кај Кутс – банка што ја користат голем број познати личности, вклучувајќи милијардери и членови на кралското семејство.

Судските документи наведуваат дека Гомес „нечесно си ги префрлил парите на Бисума без знаење или согласност од ѕвездата на Премиер лигата“.

Обвинителите тврдат дека тој стои зад нелегалните трансфери во вкупен износ од 834.334,40 фунти, дејствувајќи „за лична корист“. Сè уште не е јасно како Гомес можел да пристапи до сметката.

Бисума, кој заработува 50.000 фунти неделно и живее во куќа од 1,4 милиони фунти, треба да се појави на суд и се очекува да даде докази.

Освен финансиските проблеми, Бисума имаше и други непријатности. Во јуни 2024 година, часовник вреден 255.000 фунти му бил украден додека фудбалерто се наоѓаќ во Кан. Инцидентот се случи околу 4 часот наутро пред луксузниот хотел каде што бил со својата партнерка.

Оваа сезона, 2025/26, тој сè уште не запишал настап за Тотенхем, а својот последен натпревар го одигра на 25 мај против поранешниот клуб Брајтон. Неговиот договор истекува во летото 2026 година, кога ќе стане слободен агент.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо објасни зошто не дошол на погребот на Жота

Објавено пред

Интервјуто што Кристијано Роналдо му го даде на Пирс Морган предизвика големо внимание, и иако сè уште не е објавено во целост, се појави и интересен сегмент поврзан со неговото непојавување на погребот на Диого Жота.

dobivaj vesti na viber

Диого Жота загина во сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година заедно со неговиот помлад брат Андре.

На погребот пристигнаа голем број соиграчи од Ливерпул и португалската репрезентација, но не и Роналдо.

Во тоа време, тој беше критикуван во јавноста, на критиките Роналдо не реагираше.

„Две работи, луѓето многу ме критикуваат. Како што реков, не ми е гајле за тоа, бидејќи кога чувствуваш дека твојата совест е чиста и слободна, не мора да се грижиш што велат луѓето“, рече Роналдо, а потоа продолжи:

„Но, едно од нештата што не ги правам е тоа што откако почина татко ми, никогаш повеќе не отидов на гробишта. Второ, ја знаете мојата репутација, каде и да одам, има циркус. Не одам затоа што ако одам, целото внимание е врз мене, а јас не сакам такво внимание.“

Потврди дека сè уште стои зад својата одлука.

„Луѓето сè уште можат да ме критикуваат, се чувствувам добро поради оваа одлука. Не морам да бидам во преден план за луѓето да ме видат, планирам работи, мислам на неговото семејство. Не морам да бидам пред камерите за луѓето да видат што правам. Го правам тоа зад сцената“, заклучи Роналдо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ7 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија7 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија9 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија9 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија11 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет12 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија12 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион14 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет14 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија14 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија1 ден

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ1 ден

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија1 ден

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија1 ден

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...