Спорт
Јонуз го соопшти изборот за јунските квалификации
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз денеска го соопшти изборот на играчи за претстојните дуели против Норвешка и Исланд во квалификациите за СП 2010
На списокот на новиот селектор Јонуз се 20 интернационалци и четворица од македонското првенство. Голмани: Јане Николоски (АЕП ) и Томе Пачовски (Вардар).Одбрана: Гоце Седлоски (Матерсбург) Игор Митрески (Жерминал Бершот), Владе Лазаревски (Полонија) Горан Попов (Херенвен) Николче Новески (Мајнц), Роберт Петров (Славија Софија), Даниел Мојсов (Македонија ЃП) Ванче Шиков (Етникос), Бобан Грнчаров (Макаби Петах Тиква).Среден ред – Величе Шумуликоски (Ипсвич), Влатко Грозданоски (Војводина), Дарко Тасевски (Левски), Арменд Алими (Милано), Филип Деспотовски (Ворсклав), Агрон Мемеди(Ренова), Славчо Георгиевски (Улсан Хјундаи). Напад: Горан Пандев (Лацио), Илчо Наумоски (Матерсбург), Горан Мазнов (Томск), Ацо Стојков (Ниреѓихаза), Стевица Ристиќ (Поханг), Филип Ивановски (Полонија).Македонските репрезентативци на 31 мај ќе ги почнат подготовките за дуелите против Норвешка и Исланд, што на 6 и 10 јуни ќе се одиграат во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Гризман не дозволи изненадување на „Метрополитано“
Фудбалерите на Атлетико, во Мадрид ја победија Валенсија со 2:1 во натпреварот од 16-тото коло на Ла Лига.
По два порази по ред во шпанското првенство, „Јорганџије“ ги пречекаа „Лилјаците“, кои никогаш не загубиле четири натпревари во низа пред овој дуел.
Атлетико, влезе како фаворит, но добр се намачи за да ги освои бодовите.
Капетанот Коке ги доведе домаќините на „Метрополитано“ во водство во 17-та минута од натпреварот и тоа беше сè од екипата на Диего Симеоне во првото полувреме.
По половина час игра, Валенсија израмни, но голот на Пепелу беше поништен поради офсајд, а Атлетико отиде на полувреме со минимална предност.
Во продолжението, Белтран, по добра акција, постигна убав гол од работа на шестаесетникот во 63-та минута.
Валенсија имаше реми само 10 минути. Гризман му ја врати предноста на Атлеитико. Негов 14-ти гол во кариерата против овој противник.
Целата акција беше брилијантна, од додавањето на Марк Пубил, топката леташе 40-тина метри, до приемот и ударот на Гризман, по кој втор пат се тресеше мрежата на Агирезабала.
До крајот на натпреварот, три минути по голот на Гризман, Александе Серлот, постигна гол, кој беше поништен порад фсајд по интервенција од ВАР собата.
Атлетико моментално е четврти со 34 бода, седум повеќе од петтопласираниот Еспањол со два натпревари помалку. Валенсија има само 15 пони и се наоѓа на 16-то место.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хаос во Калкута поради Меси: Навивачите кршеа столчиња и влетаа на теренот
Посетата на Лионел Меси на Индија се претвори во тотален хаос на стадионот „Солт Лејк“ во Калкута, каде разочарани навивачи кршеа столчиња, фрлаа предмети на теренот и ја влетаа на теренот, откако престојот на фудбалската ѕвезда беше многу пократок од очекуваното.
Илјадници навивачи платија до 12.000 рупии (околу 100 евра) за да го видат Меси во живо, но останаа фрустрирани бидејќи аргентинскиот фудбалер само кратко време шеташе по теренот, додека поголемиот дел од времето беше во толпата меѓу политичари, службени лица и познати личности.
Кога обезбедувањето го отстрани Меси од стадионот по околу 20 минути, дел од публиката го изгуби трпението. Навивачите почнаа да кршат седишта, фрлајќи пластични столчиња и шишиња, додека некои ги пробија заштитните огради и истрчаа на теренот, уништувајќи транспаренти и шатори поставени за настанот.
„Само политичари и актери беа околу Меси. Тогаш зошто нè повикаа? Плативме 12.000 рупии, а дури и не му го видовме лицето“, изјави еден навивач за индиската новинска агенција АНИ.
🤦What a shame! Angry Messi fans are vandalising the Salt Lake Stadium in Kolkata
Indian supporters are furious that the footballer showed up for just 10 minutes — and they couldn’t even get a proper look at him. https://t.co/dhmtCAqazz pic.twitter.com/Bfx5QjzNln
— NEXTA (@nexta_tv) December 13, 2025
Лионел Меси е во Индија како дел од промотивната „ГОАТ Тур“, која вклучува настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Њу Делхи.
Турата започна со презентација на статуа висока околу 21 метар, која беше составена во Калкута за 27 дена, но беше откриена виртуелно од безбедносни причини.
Затоа илјадници навивачи се упатија кон стадионот, носејќи дресови на Аргентина, транспаренти „Го сакам Меси“ и го скандираа неговото име.
И покрај инцидентот, интересот за Меси во Индија останува огромен. Во раните утрински часови, илјадници луѓе се собраа пред хотелот каде што престојуваше фудбалерот на Интер Мајами, надевајќи се дека ќе го здогледаат.
„За мене ова е лично. Јас сум низок и го сакам фудбалот, па затоа отсекогаш се идентификував со Меси. Неговиот талент ми дава надеж дека можете да направите сè ако верувате во себе“, изјави за Би-Би-Си Хитеш, 24-годишен адвокат кој патувал речиси 1.900 километри од Бангалор.
Како дел од турнејата, навивачите можеа да ја посетат и фан-зоната „Хола Меси“, каде што има реплика во природна големина на фудбалерот, изложени трофеи и реконструкција на неговиот дом во Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот
Карло Анчелоти сè уште не оставрил некаков успех со бразилската фудбалска репрезентација, но тоа не им пречи на челниците на Бразилската федерација да му понудат нов договор.
Италијанецот добил понуда да потпише договор со 2023 година. Доколку ја прифати понудата и го одработи договорот до крај, Анчелоти би имал 71 година.
Шпанскиот „Диарио“ исто така објавува дека во случај на прифаќање, тој би станал најплатениот тренер во светот, бидејќи би имал дури и повеќе од сегашните 10.000.000 евра годишно. Овој извор не ја неведува точната сума, која му била понудена на Анчелоти.
Работодавчите се воодушевени од филозофијата, методите и резултатите од работата на еден од најтрофејните фудбалски тренери во светот.
Анчелоти ќе го предводи Бразил наредното лето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Целта е јасна, титулата на Мундијалот. Бразил последен пат бил светски првак во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.
Foto/ depositphotos

