Uncategorized
Северна Кореја избришана од американската црна листа
СоединетитеАмерикански Држави (САД) соопштија дека ќе ја избришат Северна Кореја од црнаталиста на држави кои го поддржуваат тероризмот, јавија агенциите.
СоединетитеАмерикански Држави (САД) соопштија дека ќе ја избришат Северна Кореја од црнаталиста на држави кои го поддржуваат тероризмот, јавија агенциите.
Портпаролот на Стејт Департментот,Шон Меккормак изјави дека таквата одлука е донесена откако Северна Кореја гиприфатила низата мерки, со кои што би се проверувале нејзините нуклеарнипогони.
Меккормак додаде дека Северна Корејаќе ја продолжи демонтажата на своите нуклеарни капацитети.
Севернокорејските власти јапоздравија одлуката на САД. „Го поздравуваме фактот, дека САД го исполнијаветувањето“, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешниработи.
„Донесовме решение да гидеактивираме нуклеарните инсталации во Јонгбјон и да им дозволиме на САД и наинспекторите од Меѓународната агенцијата за атомска енергија да ја продолжатсвојата работата“, посочи портпаролот.
САД и Северна Кореја се договорилена експертите да им биде дозволен влезот во сите „познати“ нуклеарни погони водржавата, а агенцијата на Обединетите нации за нуклеарна енергија, според високамерикански претставник, ќе одигра важна улога во верифицирањето на нуклеарнитеактивности на Пјонгјанг.
/крај/хи/бг/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.
Uncategorized
Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад
Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.
Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.
Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.
Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.
Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.
Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.
Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.
Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.
Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.
Uncategorized
(Видео) Руска вселенска капсула слета на Земјата, поставен нов рекорд: астронаутите поминале 374 дена во вселената
Руската вселенска капсула „Сојуз МС-25“ слета денеска во степите на Казахстан со двајца руски и еден американски астронаут, кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Капсулата „Сојуз“ со космонаутите на „Роскосмос“, Николај Чуб и Олег Кононенко, и астронаутот на НАСА, Трејси Дајсон, слета на Земјата во 11.59 часот по локално време, јавува „Ројтерс“.
Кононенко и Чаб заминаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година и во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.
Welcome home!
The Soyuz MS-25 spacecraft, with NASA astronaut Tracy C. Dyson and cosmonauts Nikolai Chub and Oleg Kononenko aboard, landed in Kazakhstan at 7:59am ET today. More… https://t.co/RYIAX6voqf pic.twitter.com/HCAewHyjik
— International Space Station (@Space_Station) September 23, 2024