Свет
Регулаторот пак го прекројува тарифникот за струја
Регулаторот за енергетика по трет пат го одложи воведувањето на новиот тарифен систем за струја, но овој пат без конкретна најава кога ќе почне да се применува, бидејќи не знаеле колку ќе трае јавната расправа по најновите измени во содржината на тар
ПИШМАН АЏИИ
Регулаторот за енергетика по трет пат го одложи воведувањето на новиот тарифен систем за струја, но овој пат без конкретна најава кога ќе почне да се применува, бидејќи не знаеле колку ќе трае јавната расправа по најновите измени во содржината на тар
Регулаторот за енергетика повторно го одложи воведувањето на новиот тарифен систем за струја, но овој пат без конкретна најава кога ќе почне да се применува. Ова е трето одложување на примената на новиот тарифник во кој цената на струјата за домаќинствата во зимската сезона се предвидува да биде за околу 60 отсто повисока од најевтината за време на летната сезона, а се укинува и евтината струја во текот на денот и за викендите.
Во Регулаторната Комисија за енергетика велат дека одложувањето е поради измени во содржината на новиот тарифен систем и тоа, наместо во три ценовни блока, домаќинствата според висината на потрошувачка во текот на месецот ќе се делат на две групи. "Примената зависи од тоа кога ќе заврши јавната расправа по измените", вели Владко Гаврилов, член во Комисијата и дообјаснува дека првата ценовна група ќе бидат домаќинствата кои трошат помалку од 250 киловат часови електрична енергија месечно, односно, околу 3000 киловат часови годишно. Сите останати ќе бидат во втората група, наместо како што предвидуваше претходната варијанта да постои и трет блок во кој ќе бидат оние со над 7000 киловат часови годишно и кои требаше да плаќаат и најскапа струја.
Тарифникот е изработен така што цената на киловат час електрична енергија скока како што расте и потрошувачката на струја.
Измените се должат на критиките од стручната јавност дека системот е сложен и тешко разбирлив за домаќинствата, кои нема да успеваат да го контролираат растот на сметките.
Во најновата варијанта останува поделбата на цените во три сезони, и тоа, највисоките цени на струјата ќе бидат во зимската сезона, додека најевтината ќе биде летната сезона, а средни сезона се пролетта и есента.
Според експертските препораки новиот систем најдоцна требаше да се воведе почетокот на оваа година, односно, пред да се случи продажбата на ЕСМ дистрибуција на австриската компанија "ЕВН", а регулаторот најавуваше дека ќе го воведе пролетва бидејќи во овој период зголемувањето на трошоците за струја кај домаќинствата, поради новиот начин на тарифирање, ќе биле помали. Но, со оглед на новото одложување се чини дека се остава за повисоките сметки за струја да му ја мисли новата влада. (Т.Ј.)
***
Регулатор препорачува новиот газда на ЕСМ да ги плати новите броила
"Најдобро решение ќе биде новиот газда на ЕСМ Дистрибуција да ги смени старите броила со нови тритарифни броила, при што ако смета дека трошокот треба да биде на потрошувачите, може износот да го подели на повеќе рати. Целта е малку да се растерети потрошувачот, и истовремено да може да ги користи бенефитите на новиот тарифен систем", вели Владко Гаврилов, член на Регулаторната Комисија. Според Гаврилов тоа е најдоброто решение за потрошувачите да можат да си ја конторлираат сметката, бидејќи само со ново броило ќе можат да ја трошат најевтината струја во периодот од 22 часот до 7 часот изутрина. Во тој период цената за корисниците на тротарифни броила ќе биде за 20 отсто поевтина од цената за корисниците со двотарифни броила. Средната тарифа ќе биде од 7 часот изутрина до 17 часот, а најскапата во периодот од 17 часот до 22 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

