Свет
С.Кореја: Ј.Кореја да не ја посетува заедничката граница

Северна Кореја ја предупреди Јужна Кореја во понеделникот на „ненајавени напади“ доколку Јужна Кореја не прекине со посетите на граничното подрачје помеѓу двете држави.
Северна Кореја ја предупреди Јужна Кореја во понеделникот на „ненајавени напади“ доколку Јужна Кореја не прекине со посетите на граничното подрачје помеѓу двете држави.Предупредувањето е објавено во време на голема напнатост бидејќи во петокот потона еден јужнокорејски брод. Првите извештаи ја споменаа можноста дека во инцидентот била вклучена Северна Кореја, но Сеул потоа објави дека за тоа нема докази, пренесе Ројтерс.Претставник на јужнокорејското министерство за одбрана изјави дека нуркачите трагаат по преживеани, но дека потрагата ја отежнува матната вода на местото на несреќата, во близина на поморската граница со Северна Кореја. Тој додал дека не е исклучена ниедна причина за потонувањето, вклучувајќи ја и можноста бродот да налетал на некоја од 4000 севернокорејски мини заостанати од Корејската војна, 1950. – 1953. година.Северна Кореја во медиумите не го коментираше потонувањето на јужнокорејскиот брод, но предупреди за копнената граница.„Доколку јужнокорејските и американските власти, и покрај нашето предупредување, не престанат да ја злоупотребуваат демилитаризираната зона во меѓукорејските судири, последиците ќе бидат непредвидливи напади, вклучувајќи и губење на човечки животи,“ пренесува севернокорејската новинска агенција, KCNA.Во соопштението се повикува Јужна Кореја да ги прекине посетите на новинарите на подрачјето на демилитаризираната зона, на појасот широк околу четири километри, кој се протега на корејскиот полуостров. /крај/хи/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.
Свет
Кина за прв пат отворено ѝ соопшти на ЕУ: Не сакаме Русија да ја изгуби војната

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ѝ рекол на шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, дека Кина не сака Русија да изгуби во Украина, бидејќи се плаши дека САД тогаш „ќе го насочат целото свое внимание кон Пекинг“, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“, дневен весник со седиште во Хонг Конг, кој често се смета за близок до кинеските власти.
Според повеќе извори запознаени со разговорот, Ванг ја дал изјавата за време на состанокот во Брисел во вторник, на кој биле опфатени низа геополитички и економски прашања.
Според истите извори, Ванг ги отфрлил обвинувањата дека Кина воено или финансиски ја поддржува агресијата на Русија во Украина, велејќи: „Доколку го правевме тоа, војната ќе завршеше одамна“.
Некои европски претставници беа изненадени од директноста на кинескиот министер, кој, како што велат, му дал на шефот на европската дипломатија и низа „историски лекции“ и предупредувања засновани на принципите на реалполитиката. Ванг, тврдат тие, нагласил дека Пекинг верува дека Вашингтон – ако ги постигне своите цели во Украина – целосно ќе го пренасочи својот стратешки фокус кон Кина, што би претставувало значаен безбедносен предизвик за Пекинг.
Во Брисел, изјавата на Ванг се толкува како потврда на нешто за кое многу европски дипломати долго време се сомневаа – дека Пекинг, иако не ја побарал оваа војна, нејзината долготрајна природа му одговара стратешки бидејќи ги поврзува американските ресурси и внимание со Украина.
Кина досега се позиционираше како неутрален актер и самопрогласен миротворец во војната во Украина. Редовно тврди дека „не е страна во конфликтот“, но никогаш не ја осуди руската инвазија и одржува блиски политички и економски врски со Москва.
Европската унија долго време го обвинува Пекинг дека ја снабдува Русија со стока со двојна намена, обвинение што Кина го негира. Кинеското Министерство за надворешни работи, во својата официјална изјава за разговорите со Калас, не ги споменува многуте точки на спор. Наместо тоа, нагласува дека Кина и ЕУ немаат фундаментални конфликти на интереси и дека двете страни треба „заедно да напредуваат и да придонесуваат за цивилизацијата на човештвото“.