Uncategorized
Објавени добитниците на Пулицеровата награда
Добитниците на Пулицеровата награда за придонес во областа на новинарство, книжевноста, драмската и музичката уметност, денеска беа доделени во Њујорк.
Добитниците на Пулицеровата награда за придонес во областа на новинарство, книжевноста, драмската и музичката уметност, денеска беа доделени во Њујорк.
Наградата се додели по 91.пат на поединци и организации чија работа ја “отсликува“ улогата на новинарството во општеството.
Овогодишен добитник на Пулицеровата награда за јавен придонес е американскиот дневник “Вол стрит журнал“ за известување околу скандалот со застарените акции во 2006 година што ги “затресе“ стопанските кругови во САД.
Добитник на наградата за истражувачко новинарство е новинарот Брет Блеклиџ од весникот “Бирмингем њуз“ за известување околу корупцијата во државниот високобразовен систем во Алабама.
За покривање на итни вести е награден весникот “Орегониан“ за извештаите за семејства кои исчезнаа во планините на Орегон.
Наградата за известување за национални теми ја доби Черли Севиџ од “Бостон Глоуб“ за објавени текстови околу постапката што ја користеше американскиот претседател Џорџ Буш за да ги “избегне“ одредбите на новите закони.
Пулицеровата награда за известување за локални теми ја доби Деби Сензајпер од “Мајами Хералд“ за пишувања околу малверзациите во агенцијата за станбени прашања во Мајами.
Група новинари од “Лос Анѓелес Тајмс“ ја добија наградата за аналитичко новинарство за известување за состојбата на океаните во светот, а за известување за меѓународни теми, добитници на наградата се новинарите на “Вол Стрит журнал“ за извештаите во врска со развојот на Кина.
Наградите се доделени во категориите новинарски приказни, критики, најдобри колумнисти, најдобар воведничар и карикатура.
За најдобра фотографија во категорија на итни вести е награден Одед Белилти од агенцијата Асошиејтед прес за фотографијата на Еврејка која сама им пркоси на израелските сили за безбедност на Западниот брег.
Наградата за најдобра фотографска приказна ја доби Рене Бајер од калифорнискиот весник “Сакраменто би“ за приказот на самохрана мајка и син кој умира од рак.
/крај/б92/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.