Uncategorized
Победа на демократите во САД

Демократската партија освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на изборите што се одржаа вчера, со што ќе добие од 18 до 30 нови пратенички места, јавуваат агенциите.
Демократската партија освои мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на изборите што се одржаа вчера, со што ќе добие од 18 до 30 нови пратенички места, јавуваат агенциите.
Освојувањето мнозинство во Сенатот, сепак, и натаму зависи од конечниот исход на изедначените изборни “трки“ во Вирџинија, Мисури и Монтана.
Резултатите од пребројување на гласовите и проценките на конечните резултати на американските ТВ мрежи и агенцијата Асошиејтед прес им даваат на демократите 233, а на републиканците 202 пратенички места во Претставничкиот дом.
Демократите, во изборите за Сенатот, освоија три од шест места потребни за освојување мнозинство, но и натаму се чека на исходот од повеќе изборни “трки“ како онаа во Вирџинија, каде демократот Џим Веб има 50 проценти, а републиканецот Џорџ Алан 49 проценти од гласовите.
Ова е прв пат по 12 години демократите да освојуваат мнозинство во Конгресот со кој доминираа четири децении пред таканаречената “републиканска револуција“ во 1994 година.
Победата на опозиционите демократи за прв пат во историјата ќе “донесе“ жена за претседател, досегашната лидерка на конгресното малцинство Ненси Пелоси.
“Народот јасно порача дека сака промена и нова насока за САД“, изјави лидерот на Демократскиот одбор за конгресната кампања Рам Емануел.
Тој најави дека новиот состав на Конгресот под демократско водство ќе почне “нова ера на одговорност и реални реформи“, најави подготвеност за соработка со претседателот Џорџ Буш, и додаде дека е потребен “пресврт“ во Ирак и промена на американската политика.
Емануел најави спроведување на предизборната програма за намалување на буџетскиот дефицит, реформи во системот на здравствената заштита и пензиското осигурување, намалување на зависноста од увозот на нафта и други реформи.
/Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.