Uncategorized
„Сон на летната ноќ“ од Шекспир премиерно во Театарот за деца и младинци
Театарот за деца и младинци вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Боњо Лунгов
Шекспир првпат ќе биде изведен на оваа сцена, а покрај насловната пиеса се искористени и други текстови на светскиот класик, споени во драматуршка целина во траење од 57 минути. Бугарскиот режисер Лунгов, со кого овој театар има успешна 15-годишна соработка, смета дека претставата ја тематизира љубовта и привлечноста меѓу вљубените. „И најголемата љубов може да е само сенка ако ја нема магијата меѓу двајца вљубени. Но, и најнесреќната љубов може да биде среќна ако се употреби малку фантазија“, вели Лунгов. Според него, не постои рецепет да се режира Шекспир. Најважно е дека не бега од основната идеја зашто, како што рече, се работи за многу богат автор кого секој може да го разбира на свој начин. „Кога се работи текст на Шекспир, јас сум против бегање од она што го напишал авторот и не сакав ништо да се промени. Сум гледал многу претстави и режисери кои го извртуваат Шекспир за да го направат современ, интересен, како пародија што треба на друг начин да го заинтригира гледачот. Но, јас сакав да биде како што го напишал тој зашто никој не е погенијален од Шекспир“, рече режисерот.Сценографијата на Константин Каракостов, надополнета со видеобимови, е во функција на волшебниот свет во претставата. Преводот од англиски на Богомил Ѓузел.Претставата е наменета за тинејџери од 11-12 години и поради тоа е работена со многу одговорност. Режисерот Лунгов и директорот на Театарот за деца и младинци Љубомир Чадиковски нагласија дека се работи за сложена возраст на која треба да и‘ се посвети должно внимание и да и се понуди соодветен репертоар.„На децата кои ја поминале скалата на „Лакомата меца“ и „Снежана и седумте џуџиња“ треба да им дадеме нешто појако“, рече Чадиковски, според кого освен лектирните наслови што учениците ги следат организирано, во театрите нема понуда за адолесцентите. Тој е задоволен што во институцијата која идната година ќе одбележи 20 години поминале генерации деца кои денес се возрасни луѓе.Во првата премиера на овој театар во оваа година играат Тања Кочовска, Предраг Павловски, Ана Левајковиќ, Винета Дамчевска, Марија Ѓорѓијовска, која неодамна дипломира кукларство во Софија, Владимир Лазовски, Драган Довлев и Катарина Илиевска. Сценографот Каракостов ја избра и музиката, а автор на куклите и костимите е Стефанка Ќувлиева.Театарот за деца и младинци ја подготвува и следната премиера – претставата „Малата сирена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

