Uncategorized
НОМАД Танц Академија низ Балканот

„Локомотива – центарот за нови иницијативи во уметноста и културата“ од Скопје ги започна своите активности за оваа година
„Локомотива“ втора година продолжува со меѓународниот проект за развој на современиот танц во регионот – НОМАД Танц Академија. НОМАД Танц Академијата е тригодишен проект кој има едукативна и истражувачка програма, како и програма за презентација и развој на публика. За сите програми секоја година има отворен конкурс за студенти, истражувачи и уметници кои се стипендирани. НОМАД Танц Академија е прва сериозна институционализирана регионална програма која се однесува на афирмација и професионализација на современиот танц на Балканот. Едукативната програма на оваа академија започна во Сараево на 27 февруари оваа година. Тринаесет студенти од регионот и пошироко во период од 4 месеци ќе патуваат, живеат, учат и создаваат заедно. По Сараево, едукативната програма продолжува во Скопје, Софија, Белград, Кањижа, Загреб и Љубљана. Втората генерација студенти пристигнуваат во Скопје на 14 март (сабота) да ја проследат едукативната програма која ќе трае до 31 март и е составена од предавања, работилници и отворени дискусии. Часовите и теоретскиот дел ќе се одвиваат во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и во Културниот центар „Точка“, каде што уметниците низ отворен пристап ќе стекнат база и контакти за идна интернационална соработка, што е една од целите на Академијата. Оваа генерација на НОМАД Танц Академија ја сочинуваат 13 танчери, кореографи и актери од регионот со кои во Скопје ќе работат истакнати кореографи, теоретичари, режисери, како Јасмина Пролиќ од Франција/Босна и Херцеговина, Соња Здравкова – Џепаровска и Деан Дамјановски од Македонија, Рок Вевар од Словенија и Изабел Шад од Германија. Со програмата на НОМАД ќе се подобри и поттикне размената, учењето и креацијата во доменот на современиот танц во регионот преку програма на интердисциплинарни работилници, предавања, студентски посети и средби со уметници и теоретичари од сите земји учеснички.Програмата комплетно ќе се заокружи на 20 и 21 јуни во Љубљана, со организирање на презентации од студентите придружени со конференција на НОМАД Танц Академија, партнерите и нејзините соработници. Оваа академија е дел од активностите на европскиот проект Jardin d’ Europe и е поддржана од Швајцарската културна програма, Култура 2007 – 2013, Европска културна фондација, КултурКонтакт Австрија, Гете Институт и Министерство за култура на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин
Uncategorized
Кадриу: Османи одобрил договор од 56 милиони денари за возила за ОБСЕ, цените трипати повисоки

Претставникот на „Влен“, Арбер Кадриу, презентираше договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2023 година, нарекувајќи го „доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи“.
Кадриу истакна дека договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
„Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала: VIP автомобил 29.000 денари на ден, возило од средна класа 23.000 денари, а миниван 19.200 денари на ден, без ДДВ,“ рече Кадриу, посочувајќи дека само еден месец претходно истата компанија склучила договор со МНР за редовни потреби по цена од 9.500 денари за ист тип возило.
„Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време,“ додаде тој.
Од ВЛЕН обвинуваат дека во договорот „нема записник или доказ колку возила биле користени, нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата“.
„Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови. Ова е начинот како работел Бујар Османи како министер за надворешни работи,“ истакна Кадриу, додавајќи дека ваквите тврдења се нотирани и од Државниот завод за ревизија.
ВЛЕН бара отворање кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор, како и активирање на Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Османи.
„Бујар Османи е должник пред граѓаните. Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури,“ рече Кадриу, повикувајќи медиуми, граѓански организации и јавноста да го погледнат договорот.