Uncategorized
Израел изврши воздушен напад врз база јужно од Бејрут
Израел изврши воздушен напад на база за воена обука јужно од Бејрут, за која израелски извори тврдат дека се користи како Фронт за ослободување на Палестина, изјави портпаролката на Израелската војска. Засега нема информации за нанесените штети.
Израел изврши воздушен напад на база за воена обука јужно од Бејрут, за која израелски извори тврдат дека се користи како Фронт за ослободување на Палестина, изјави портпаролката на Израелската војска. Засега нема информации за нанесените штети.
“Израел има право да ги брани своите граѓани. Либанската влада не ги уништува терористичките групи“, додаде таа објаснувајќи дека нападот претставува реакција на ракетниот напад од вторникот.
Тогаш, од либанска територија беа испалени три ракети врз северниот израелски град Киријат Шемон, а никој не ја презема одговорноста.
/Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.
Uncategorized
Ангеловска-Бежоскa: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст
Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно влијание врз девизните резерви. „Во периодот по 2020 година се забележува раст на извозот на услужниот сектор, особено во делот на компјутерските и деловните услуги. Во делот на ИТ-услугите е забележано удвојување на учеството во БДП во однос на извозот во 2019 година, додека во делот на деловните услуги е забележан пораст од 50%“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторскиот текст објавен во петтата годишна едиција „Топ 100 извозници 2024“ на специјализираниот портал Извоз.мк.
Во колумната гувернерката истакнува и дека според индексот за подготвеност за вештачката интелигенција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), нашата земја е на 77 место од вкупно 174 земји, што укажува на простор за унапредување на нивото на дигиталната зрелост на земјата за вештачката интелигенција, од аспект на соодветноста на човечките ресурси, дигиталната инфраструктура и регулативата во оваа област.
„Еден показател каде што нашата држава е релативно добро рангирана во споредба со земјите од регионот, па и со дел од земјите на ЕУ, е процентот на компании коишто користат вештачка технологија и аналитика на големи бази на податоци (близу 13% од компаниите користат големи бази на податоци (англ. big data), а речиси 10% вештачка интелигенција). Ова укажува на потенцијал за искористување на оваа компаративна предност и задржување на добрите извозни остварувања на услужниот сектор и во иднина“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката во текстот укажува и на можните ризици, како дополнителен предизвик за идните остварувања на македонскиот извозен сектор, како геофрагментацијата, влошените очекувања за германската економијата, како наш најважен трговски партнер, како и климатските промени. Гувернерката нагласува дека периодот којшто ни претстои изобилува со предизвици, и за носителите на економските политики, и за економските субјекти, но и можности доколку компаниите успеат брзо и успешно да се приспособат на динамичните промени.
„Јасна е потребата за јакнење на продуктивноста, којашто значително заостанува зад поразвиените економии (за илустрација, продуктивноста на домашната економија е околу 50% во однос на просечната продуктивност на земјите од ЕУ), за подобрување на конкурентниот профил, следење на технолошкиот напредок и за нови инвестиции“, нагласува Ангеловска-Бежоска.
Авторскиот текст на гувернерката е достапен на следнава врска.