Uncategorized
Насилство во прифатилиштата за жртви
Луѓето кои останаа беа покрив на главата во налет на ураганот Катрина се сведоци на силувања, убиства и недисциплина меѓу чуварите во две прифатилишта во Њу Орлеанс, каде, како што пренесуваат светските агенции, владее насилство и терор.
Луѓето кои останаа беа покрив на главата во налет на ураганот Катрина се сведоци на силувања, убиства и недисциплина меѓу чуварите во две прифатилишта во Њу Орлеанс, каде, како што пренесуваат светските агенции, владее насилство и терор.
Припадници на полицијата и Националната гарда, синоќа, затворија две прифатилишта – во спортската арена “Супердоме“ и градскиот Конгресен центар.
Во евакуацијата учествуваа воени хеликоптери и автобуси, додека илјадници луѓе чекаа во ред да бидат засолнети во американските држави Тексас и Луизијана.
Неколку луѓе сместени во “Супердоме“ изјавија дека се случиле ужасни инциденти, во времето кога оние кои биле задолжени да ги чуваат центрите, убивале луѓе.
Според истите извори, во еден од инцидентите, едно момче убил припадник на полицијата на Њу Орлеанс, додека во друг инцидент, војник на Националната гарда убил маж кој им се обратил за помош.
Полицијата се уште не сака да ги коментира овие искази, и дали се случиле вакви инциденти. Според портпаролот на Националната гарда Пит Шнајдер, нема информации за тоа дали е пукано од огнено оружје.
Агенцијата Ројтерс пренесе изјави на жени сместени во прифатилиштата во Њу Орлеанс, кои велат дека тука имало силувања.
“Жените не можат да одат до тоалет без придружба на мажи“, изјавила една од тие жени.
Очевидци тврдат дека во зградата каде биле привремено сместени, се наоѓаат 22 тела на возрасни и деца, но војниците кои ја чуваат зградата одбиваат да ја потврдат информацијата и се закануваат дека ќе ги “претепаат“ новинарите кои ќе се обидат да влезат во “импровизираната мртовечница“.
Според неименуван полицаец, во оваа зграда има околу 100 тела, повеќето починати од исцрпеност и жештина.
Илјадници луѓе од Луизијана, Мисисипи и Алабама останаа без покрив на главата кога ураганот Катрина ја опустоши областа околу Мексиканскиот залив со поплави и силни ветрови./Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

