Uncategorized
Околу 70 отсто од Американците против испраќање нови сили во Ирак
Околу 70 отсто од Американците се против испраќање нови сили во Ирак.
Околу 70 отсто од Американците се против испраќање нови сили во Ирак.
Ова го покажува најновата анкета спроведена меѓу американското население по новата одлука на претседателот Џорџ Буш за испраќање на дополнителни 21.500 војници во Ирак.
Повеќе од половината Американци сметаат дека испраќањето нови трупи нема да придонесе за стабилизација на состојбата во Ирак, а околу 32 отсто од испитаниците ја одобруваат политиката на Буш.
Планот на Буш наиде на жестоки реакции меѓу демократите, но и кај дел од републиканците во Конгресот.
Тие стравуваат дека новиот план доаѓа предоцна поради што не се разликува од претходните обиди за стабилизација на ситуацијата во Багдад.
Истовремено, обидите на државниот секретар Кондолиза Рајс и министерот за одбрана Робер Гејтс, да ја одбранат новата стратегија пред парламентарните одбори наиде на невидена скепса, каква не е забележана во последните години, пишува американскиот печат.
Рајс, по разговорот со сенаторите, од кои ниту еден не го поддржа планот на Буш, изјавила дека „лично ја разбира сомничавоста, како и песимизмот кој некои го чувствуваат кон Ирак“, но замолила за трпение.
Острината на осудата од страна на Конгресот ја изненадила и Белата куќа од каде се надевале на двострана поддршка на планот на Буш, пишува американскиот печат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.