Uncategorized
Судот во Стразбур во полза на Македонците од Грција и Бугарија
Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур, синоќа објави три многу значајни пресуди во полза на организации и припадници на македонското малцинство во Грција и во Бугарија.
Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур, синоќа објави три многу значајни пресуди во полза на организации и припадници на македонското малцинство во Грција и во Бугарија.
Пресудите се однесуваат на кршењето на правата на човекот за поединци од партијата на Македонците од Лерин, „Виножито“, како и за поединци од партиите на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин.
Со пресудата во врска со „Виножито“, грчката држава е задолжена да плати отштета од 32 илјади евра поради неформална забрана, физички напад и непокренување истрага, кога членови на партијата сакаа да го истакнат името на партијата на македонски јазик, на балконот каде се сместени.
Со другите две пресуди, генерално, се осудува забраната за собирање и политичко здружување, како и забраната за одржување јавни манифестации односно митинзи на Македонците во Бугарија на крајот од деведесеттите години од минатиот век.
И во овој случај, државата, т.е. Бугарија, е задолжена на тужителите да им плати отштета, со тоа што, сумите се многу помали отколку во случајот со тужената Грција.
Во случајот на „ОМО Илинден и Иванов против Бугарија“, му се дава за право на тужителот, претседателот на партијата Јордан Костадинов Иванов, и се задолжува Бугарија да исплати 6.000 евра на сметката на тужителот и 800 евра на име на трошоци.
Државата во овој случај кој е заведен во Стразбур во 1998, е прогласена за виновна, бидејќи од 1990 кога партијата е формирана, неколку пати, се до 2004, одбивала да ја регистрира во суд. За целиот тој период, државата повеќепати забранувала оддржување митинзи на членови на партијата со кои тие сакале да оддадат почит на историски личности и датуми, значајни за Македонците во Бугарија и воопшто.
Судот решил дека Бугарија со вакви акти го повредила правото на мирно собирање на луѓето, регулирано со член 11 од европската Конвенција за правата на човекот.
Во другиот случај, „ОМО Илинден – Пирин и други против Бугарија“, кој е заведен во судот во Стразбур во 2000 година, исто така, се констатира кршење на член 11 од Конвенцијата и и се наложува на Бугарија да исплати отштета од 3.000 евра за нематеријална штета и уште 3.000 евра за судски и други трошоци.
Во сите три пресуди, земени се предвид и одлуките на Судот по други вакви случаи што во Стразбур ги добивале Македонците од Бугарија или од Грција.
Двете држави се задолжени пресудите да ги извршат во рок од три месеци, а во спротивно ќе плаќаат и камати според Европската централна банка, зголемени за три проценти./крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

