Uncategorized
Водечка руска новинарка симната од етерот
Олга Романова водечка новинарка во руската телевизија РЕН ТВ, една од малкуте станици кои отворено го критикуваат претседателот Владимир Путин, е симната од етерот.
Олга Романова водечка новинарка во руската телевизија РЕН ТВ, една од малкуте станици кои отворено го критикуваат претседателот Владимир Путин, е симната од етерот.
Обезбедувањето синоќа не и дозволило на Романова да отиде на работа. Претходно, телевизијата одбила да го емитува нејзиниот материјал за сообраќајка во која е замешан синот на министерот за одбрана, изјави Романова.
“Односот кон Романова е јасен знак, дека ја изгубивме последната телевизиска станица која пројавуваше независност и објективност во репортажите”, рече поранешниот советски раководител Михаил Горбачов.
Противниците на Кремљ сметаат дека во случајот има нарушување на слободата на говорот.
РЕН ТВ се брани дека во случајот нема политички мотиви, туку дека станува збор за персонални смени во екипата, за да биде зголемен рејтингот
Според Романова, причина за отстранувањето е нејзиниот исказ дека телевизијата не пушта определени материјали, за да не го навлече гневот на високите државни службеници./крај/бгнес/ил/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.