Uncategorized
Почина тенорот Лучијано Павароти
Италијанскиот тенор од светски ранг Лучијано Павароти почина вочетвртокот изутрина на 71 година, соопшти неговиот менаџер.
Италијанскиот тенор од светски ранг Лучијано Павароти почина вочетвртокот изутрина на 71 година, соопшти неговиот менаџер.
Павароти подолг период боледуваше од рак напанкреасот. Починал во семејната куќа, во италијанскиот град Модена.
Светски познатиот оперски пејач бешехоспитализиран поради треска на 8 август, а две недели подоцна ја напуштиболницата.
Во јули 2006 година во болница воЊујорк Павароти беше опериран од рак на панкреасот и оттогаш немаше настап.
За многумина, Павароти беше еден однајголемите тенори на своето поколение.
Роден во Модена, северна Италија, на12 октомври 1935 година, својот дебитантски настап го одржа на 26 години вооперата во Реџо Емилија, на конкурс за млади оперски пејачи. Настапи какоРодолфо во „Боеми“ од Џакомо Пучини.
Во јули 1967 година за прв патнастапи во престижната Метрополитен опера во Њујорк.
Запаметени ќе останат и неговитеконцерти со познати поп и рок музичари, како и неговите настапи со Хосе Карераси Пласидо Доминго, на светската турнеја на тројцата најпознати светски тенори.
Павароти од двата брака оставичетири ќерки, од кои најмладата има четири години.
Последен пат настапи на церемонијатана отворањето на Зимските олимписки игри во Торино, во февруари 2006 година.
/крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.