Uncategorized
Американците им се враќаат на демократите
Демократите освоија мнозинство од најмалку 228 места во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, а Републиканците 192, покажуваат првичните, нецелосни резултати од изборите во САД, одржани вчера.
Демократите освоија мнозинство од најмалку 228 места во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, а Републиканците 192, покажуваат првичните, нецелосни резултати од изборите во САД, одржани вчера.
“Од едниот до друг брег, американскиот народ гласаше за промени. Создававме историја, а сега одиме кон напредок“, изјави претставничката од редот на демократите во Калифорнија Ненси Пелоси, која е на “пат“ да стане прва жена-претседател на Домот.
Белата куќа најави дека американскиот претседател Џорџ Буш денеска би требало да го повика идниот претседател на Домот.
Републиканците, кои после 12 години ја губат власта во американскиот Конгрес, изгубија речиси во сите области во државата – конзервативни, либерални или умерени, како и во различни подрачја – градски, селски и приградски.
Досегашните републикански “упоришта“, државите Њујорк, Охајо, Мериленд, Масачусетс, Колорадо и Арканзас, им припаднаа на демократите, додека во Калифорнија за гувернер повторно е избран републиканскиот кандидат и познат актер Арнолд Шварценегер.
Од 36 гувернерски места, за кои вчера се гласаше, демократите повторно се избрани во Илиноис, Мичиген, Пенсилванија, Њу Хемпшир, Оклахома, Вајоминг, Њу Мексико, Канзас, Висконсин, Аризона, Орегон и Тенеси.
“Американскиот народ гласаше за промена, за тоа демократите да ја однесат државата во нов правец“, изјави Пелоси пред стотина симпатизери во Вашингтон.
Таа вети дека на Конгресот ќе му го врати интегритетот и чесноста, и додаде оти “демократите ветуваат дека на непристрасен начин ќе работат заедно за сите Американци“.
Според јавното мислење, бирачите најмногу се определиле за демократите незадоволни од работата и кампањата што Буш ја води во Ирак.
Една третина од испитаниците наведува дека корупцијата влијаела врз нивниот избор да се определат за демократите.
/Крај/бе/ис/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

