Uncategorized
Орхан Памук добитник на Нобеловата награда за книжевност
Турскиот писател Орхан Памук е овогодишен добитник на Нобеловата награда за книжевност, соопшти денеска Комисијата на Шведската академија во Стокхолм.
Турскиот писател Орхан Памук е овогодишен добитник на Нобеловата награда за книжевност, соопшти денеска Комисијата на Шведската академија во Стокхолм.
„Нобеловиот комитет се одлучи да го награди книжевникот, кој во потрага за меланхолична душа на својот роден град, пронајде нови духовни слики за судирите и преплетувањето на културите“, се вели во соопштението.
Памук (54), кој е долгогодишна мета на националистите заради одбрана на правата на Ерменците и Курдите, во своите дела најмногу ги опишува поделбите на турското општество на исток и запад.
„Памук има кажано дека за време на своето растење го доживеал поместувањето од традиционално отоманско семејство кон западен стил на живот. За тоа има пишувано во својот прв роман, каде што во духот на Томас Ман го опишува животот на едно семејство низ три негови генерации“, се наведува во соопштението.
Интернационалната слава Памук ја стекна со својот трет роман „Бела тврдина“, за приказна чие дејствие е во 17 век во Истанбул. Негови најпознати дела се “Се викам црвено“, „Снег“, „Тивка куќа“, „Нов живот“, како и книгата за неговиот роден град „Истанбул, спомени и град“.
Памук, кому му е судено за навреда на Турција, беше првиот писател од муслиманскиот свет која јавно ја осуди фатвата за иранскиот писател Салман Ружди.
Наградата вредна 10 милиони шведски круни (1,1 милион долари), ќе му биде врачена на 10 декември, денот кога починал Алфред Нобел.
Памук ја освои Нобеловата награда за книжевност во конкуренција на американецот Филип Рот, сириецот Адонис, перуанецот Марио Варгас Љоса и израелецот Амос Оз и уште неколку врвни светски писатели.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.
Uncategorized
Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад
Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.
Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.
Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.
Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.
Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.
Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.
Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.
Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.
Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.
Uncategorized
(Видео) Руска вселенска капсула слета на Земјата, поставен нов рекорд: астронаутите поминале 374 дена во вселената
Руската вселенска капсула „Сојуз МС-25“ слета денеска во степите на Казахстан со двајца руски и еден американски астронаут, кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Капсулата „Сојуз“ со космонаутите на „Роскосмос“, Николај Чуб и Олег Кононенко, и астронаутот на НАСА, Трејси Дајсон, слета на Земјата во 11.59 часот по локално време, јавува „Ројтерс“.
Кононенко и Чаб заминаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година и во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.
Welcome home!
The Soyuz MS-25 spacecraft, with NASA astronaut Tracy C. Dyson and cosmonauts Nikolai Chub and Oleg Kononenko aboard, landed in Kazakhstan at 7:59am ET today. More… https://t.co/RYIAX6voqf pic.twitter.com/HCAewHyjik
— International Space Station (@Space_Station) September 23, 2024