Uncategorized
Германските ученици сè помалку знаат за антисемитизмот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/fb2c4aba-5fe2-4d96-a4cc-4a47bda9ca08.jpeg)
Учениците во германските училишта се помалку знаат за холокаустот, а забележано е ширење на антисемитизмот, посебно меѓу учениците од исламска вероисповест.
Учениците во германските училишта се помалку знаат за холокаустот, а забележано е ширење на антисемитизмот, посебно меѓу учениците од исламска вероисповест.
Ова се податоците од студијата што денеска беше објавена во дневниот весник „Sueddeutsche Zeitung“.
„Меѓу германските ученици зборот „Евреин“ стана една од главните навреди“, изјави Готфрид Кеслер од франкуртскиот Институт за истражување на холокаустот.
Досега необјавената студија на научното списание „Focus Schule“ укажува на тоа дека наставниците по историја со класичните педагошки методи повеќе не можат да предизвикаат сочуство кај учениците кога е во прашање холокаустот.
„Пред крематориумите во Аушвиц учениците повеќе се интересираат за видовите гасни инсталации, отколку за судбините на жртвите“, цитира студијата една од испитаните наставнички која заклучува дека денешните генерации многу помалку се чувствителни на жртвите на нацизмот.
Студијата укажува и на феноменот на растечкиот број на муслимански ученици во Германија кои истакнувањето на улогата на Евреите како жртви на нацизмот често ја доживуваат како поддршка на Израел.
„Наставниците често го одбегнуваат тој дел од историјата стравувајќи од реакциите на муслиманските ученици“, се вели во студијата.
Германските власти минатата година забележале голем пораст на криминалните деликти со антисемитска позадина, а Централниот совет на Евреите во Германија кон крајот на минатата година предупреди на пораст на антисемитизмот.
„Евреите за многу Германци се сеуште припадници на некоја странска тајна сила што живее на сметка на мнозинството“, заклучува Волфганг Бенц, лидер на Центарот за истражување на антисемитизмот.
/крај/хн/ст
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);