Контакт

Свет

Иран тестира ново противавионско оружје

Објавено пред

Иранските власти во средата потврдија дека недалеку од една нуклеарна централа извршиле тестирање на противавионски проектил

dobivaj vesti na viber

Официјални рпетставниц иведнаш во западните медиуми ова го толкуваа како демонстрација на сила во пресрет на продолжувањето на преговорите за спорната нуклеарна програма.Иранската новинска агенција FARS јави дека ракетата земја-воздух  Hawk е тестирана во близина на Арак, во централен Ирак, каде се наоѓа истражувачки нуклеарен реактор. Во извештајот на агенцијата не се наведуваат други детали.Американскиот противавионски систем Hawk , Иран од САД го купи пред исламската револуција во 1979 г., но властите во Техеран соопштија дека направиле своја верзија на ова оружје.Разговорите на Иран со САД и уште пет светски сили треба да продолжат во петок во Истанбул. Командантот на базата Катан ол-Aнбиа на иранската протввоздушна одбрана база, полковникот Аболфази Фармахини изјави дека на протииввоздушниот систем е оптимизиран од страна на ирански експерти и дека ракетите успешно ги погодиле нивните цели.Фармахини додал дека тестирањето било извршено со цел да се оцени степенот на подготвеност на одбранбените системи распоредени во регионот за да ги бранат чувствителни нуклеарни објекти на Иран.„Тестот беше насочен кон оценувањето на ефикасноста на овие системи за противвоздушната одбрана, вклучувајќи и на проектилите и радарите, подобрување на вештините и знаењата на припадниците на техничките и оперативните единици“, истакнал Фармахини за иранската агенција.Во ноември, иранските вооружени сили ја спроведоа најголемата досега воздухопловни вежби со кодно име „Бранителите на небото на Велајат Трети“. Притоа, според иранските медиуми, супешно биле тестирани различни против-авионски  одбранбени системи, вклучувајќи го и систепот за одбрана од крстаречките ракети – Tor-М1 и иранскиот S-200 противавионски ракетен систем.Тor-М1 е мобилен систем со кус дострел за воздушна одбрана, наменети за  одбрна аод крстосувачки ракети кои летаат на средни и многу ниски височини. Иранскиот S-200 систем е сo многу голем дострел, наменет за средни до големи височини и е вооружен со проектили земја-воздух (SAM), систем дизајниран за одбрана на големи области од бомбаридарања или напади на другите стратегиски авиони.

Регион

Снаата на убиените во Чачак повикала полиција: пожарникарите влегле во станот низ прозорецот

Објавено пред

Јован (77) и Милица (72) Баковиќ синоќа околу 22 часот се убиени во семејниот стан во Чачак.

dobivaj vesti na viber

За убиството е осомничен нивниот син Михајло, а како што дознаваат медиумите, неговата сопруга повикала полиција.

„Беа прекрасни луѓе, синот им доаѓаше секој ден, не разбираме што можеше да се случи. Слушнав дека на Михајло му се слошило, но не знам за што се работи. Синоќа му се јавила сопругата, тој не одговорил. Ниту тие не се јавиле, па таа дошла во станот. Таа тропнала на вратата, но никој не одговорил, не знаела што се случило и ја повикала полицијата, која ги пронашол телата во станот“, изјавил соседот за медиумите.

Убиениот Јован бил лекар во пензија, според написите.

Припадници на МВР во Чачак го приведоа М. Б. (41) од Чачак поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство.

Како што беше дополнително соопштено, тој е осомничен за кривично дело тешко убиство и се сомничи дека со остар предмет ги убил родителите. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак, одредена му е мерка притвор до 48 часа, во кој рок со поднесување кривична пријава ќе биде изведен на распит во Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Објавено пред

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.

dobivaj vesti na viber

Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.

Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.

Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Објавено пред

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.

Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија35 минути

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија41 минута

(Видео) Мицкоски: Јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција извести дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во Скопје. На...

Македонија1 час

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија2 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија2 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија3 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија4 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион5 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија6 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион6 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија15 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија19 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија20 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија21 час

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија22 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија23 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија23 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија1 ден

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија1 ден

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...