Uncategorized
Стапи на сила Конвенцијата против трговијата со луѓе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/2177a4a0-267d-4665-8781-b5ae2d4578ac.jpeg)
Европската конвенција за борба против трговијата со луѓе, што се подготвуваше десет години, денеска официјално стапи на сила во десет членки на Советот за безбедност.
Европската конвенција за борба против трговијата со луѓе, што се подготвуваше десет години, денеска официјално стапи на сила во десет членки на Советот за безбедност.
Конвенцијата започна да се применува во државите што први ја ратификуваа – Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Хрватска, Грузија, Молдова, Романија и Словачка.
Според најавите, Конвенцијата од мај годинава ќе стапи на сила и во Босна и Херцеговина, Франција, Норвешка и Малта.
Конвенцијата потпишана на 16. мај 2005 година во Варшава, дефинира заеднички прописи за спречување на трговијата со луѓе, што ги опфаќа и сексуалното искористување и проституцијата, присилната работа, ропството, одземањето и продажбата на органи.
Според најавите, од 13 до 15 февруари, во Виена, ќе биде одржана првата голема конференција на ОН за глобалниот проблем со трговијата со луѓе. На конференцијата се очекува да учествуваат вкупно 1,000 членови на влади, невладини организации и експерти од 100 држави.
/крај/хи/ам/ег/
Copyright 200
8
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);