Контакт

Свет

Протести на опозицијата во Москва

Објавено пред

Во саботата во руската престолнина Москва се одржуваат протестите на опозицијата под мотото „За чесни избори“, на кои се протестира против победата на премиерот Владимир Путин на претседателските избори од 4-ти март, кога победи со 63,6 отсто од гласовите.

dobivaj vesti na viber

Во саботата во руската престолнина Москва се одржуваат протестите на опозицијата под мотото „За чесни избори“, на кои се протестира против победата на премиерот Владимир Путин на претседателските избори од 4-ти март, кога победи со 63,6 отсто од гласовите. Контроверзни се податоците за присуството на приврзаниците на руската опозиција на митингот што се одвива на Нов Арбат. Според организаторите се собрале 25 илјади демонстранти, додека според московската полиција во 14 часот по локално време (11 часот по македонско време) имало собрано повеќе десет илјади демонстранти на митингот за кој московските власти според рускиот закон а протести дозволија учество на 50 илјади луѓе. Еден од организаторите на протестот, Сергеј Удалцов, тврди дека митингот којшто го обезбедуваат 2.500 полицајци. Опозиционерот Владимир Рижков, кој на митингот повика да се соберат пари за адвокати и лекарства за политичките затвореници, за руските медиуми изјави дека на Нов Арбат се присутни 25 илјади противници на Владимир Путин. „Тие (полицијата – з.р.) вели дека сме пет илјади, а нé има десет пати повеќе. Ние ќе минеме крај зградат на ГУВД, за да нé пребројат“, изјави Удалцов.„Во 14 часот на Нов Арбат се собраа околу 10 илјади луѓе, од кои 8 илјади се наоѓаат на самото местото а околу две илјади се раштркани на просторот ограден од полицијата според најавената 50-илјадна присутност. Се забележува заминување на луѓето од настанот“, се наведува во соопштението издаден од канцеларијата на началникот на московската полиција. Во саботата руската опозиција повторно излезе на улиците за да бара промена на политичкиот систем во земјата. Инаку ова се првите протести откако Путин и официјално е прогласен за победник на претседателските избори, додадел либералниот политичар Владимир Рижков. „Ќе продолжиме да бараме слобода на говорот вонредни парламентарни избори и нови претседателски избори по воведувањето ан новите правила. Ние, исто така, бараме ставање крај на цензурата во медиумите и ослободување на политичките затвореници“, рече на митингот Рижков, додавајќи дека опозицијата бара натамошни реформи.  Според конечните резултати на Централната изборна комисија на Руската Федерација, Владимир Путин освоил 63,6 отсто од гласовите, со што е победник на претседателските избори уште од првиот круг. Меѓутоа, неговите противници тврдат дека на изборите имало многу манипулации и неправилности во полза на кандидатот на владејачката партија Единствена Русија. Руските власти воведоа реформи во политичкото законодавство по парламентарните избори од декември за коишто опозицијата исто така тврди дека биле освоени со измама./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Орбан ја нарече Парадата на гордоста одвратна и обвини дека Брисел стои зад неа

Објавено пред

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро ја осуди Парадата на гордоста што вчера се одржа во Будимпешта, нарекувајќи ја „одвратна и срамна“. Во објава до своите поддржувачи, тој го обвини Брисел дека стои зад организацијата на настанот, кој, според него, прераснал во антивладин протест.

dobivaj vesti na viber

„Брисел издаде наредба дека треба да има Парада во Будимпешта. Нивните марионетски политичари ја извршија наредбата“, напиша Орбан во порака до затворената онлајн група на своите приврзаници.

Орбан порача дека парадата е јасен показател за тоа што би се случувало во Унгарија доколку неговата партија ФИДЕС не беше на власт. Тој тврди дека, иако на Парадата имало многу луѓе, тие не можат да се споредат со 3,7 милиони учесници на референдумот за родова еднаквост во 2022 година.

„Од вчера, знаеме уште повеќе со сигурност дека на овие луѓе не треба да им се дозволи да го преземат кормилото на Унгарија. И ние нема да им дозволиме“, истакна Орбан.

Премиерот го осуди и визуелниот дел од Парадата, коментирајќи дека на сцената имало „шоу на ‘драг’ кралици“, „мажи во високи потпетици“ и „брошури за хормонска терапија“. Според него, тоа не е прашање на гордост, туку на срам.

Во своето обраќање Орбан ја поврза Парадата и со други горливи теми како миграцијата, намалувањето на комуналните трошоци и ставовите кон Украина и војната.

На крајот, тој испрати порака: „Се бориме за вистината! Борба против лагите!“

Прикажи повеќе...

Регион

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во насилствата по студентските протести во Белград. Тој најави дека ќе следуваат нови апсења, бидејќи, како што рече, сѐ уште се врши идентификација на осомничените.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да се победи со насилство: „Неа не можете да ја победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.

Тој оцени дека повиците на крајот од протестот, особено изјавата „имате зелено светло“, претставуваат директен повик за граѓански конфликти и напади врз полицијата.

„Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани“, додаде Вучиќ.

На заедничката прес-конференција, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ информираше дека по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани, а меѓу нив има и едно малолетно лице.

„Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе се води прекршочна постапка“, изјави Дачиќ, додавајќи дека се повредени 48 полицајци, од кои еден со тешки повреди на главата, а уништена е и значителна количина заштитна опрема.

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, остро го осуди насилството и побара сите страни да се воздржат од дополнително разгорување на тензиите.

„Србија е демократско општество во кое мислењата мора да се изразуваат на мирен и цивилизиран начин, без загрозување на безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир“, изјави Мацут.

Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата и безбедносните служби за брзата и професионална интервенција.

Своја реакција имаше и претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, која обвини дека студентите на протестот упатиле повик за граѓанска војна.

„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’, туку со морничав повик за убивање на Србија – монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша таа на мрежата Икс.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Италијанец снимал деца на Истра со камери скриени во пенкала

Објавено пред

Истарската полиција заврши кривична истрага против 67-годишен италијански државјанин, осомничен за сериозно кривично дело поврзано со злоупотреба на техничка опрема и нарушување на приватноста на малолетни лица.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението на Полициската управа на Истра, инцидентот се случил на 26 јуни, околу 15 часот, кога гостин во туристички објект забележал лице како недозволено снима малолетници. Лицето било задржано до пристигнување на полициски службеници, кои веднаш постапиле согласно законските надлежности.

По судска наредба, биле извршени претреси на неколку уреди со скриени камери, вклучувајќи техничка опрема со интегрирани снимачки механизми, мемориски уреди, мобилен телефон и возилото на осомничениот. Полициската управа информира дека се пронајдени материјали кои ќе бидат предмет на понатамошна истрага.

Осомничениот е уапсен и вечерта на 27 јуни предаден во притворската единица на Полициската управа на Истра со поднесена кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион8 часа

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија9 часа

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија10 часа

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ11 часа

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...

Македонија12 часа

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ13 часа

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...

Свет15 часа

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот...

Спорт15 часа

Ѓоковиќ од Вимблдон преку Макфакс порачува: Ветувам, многу бргу се гледаме во Македонија!

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак...

Регион16 часа

(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која...

Македонија17 часа

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката...

Регион17 часа

(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според...

Свет17 часа

Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински...

Регион1 ден

Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни...

Регион1 ден

(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва...

Регион1 ден

Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија  се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки...

Свет1 ден

(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на...

Економија1 ден

Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на...

Регион1 ден

„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на...

Македонија2 дена

Пијан Турчин приведен во Охрид, со нож влегол во угостителски објект

Охрдиската полиција приведе пијан Турчин. Викал и непристојно се однесувал на улица, а потоа влегол во угостителски објект каде што...