Uncategorized
Цената на нафтата може да достигне 150-200 долари за барел
Ценaтa на нафтата може да порасне до 150- 200 долари за барел во следните две години, сметаат аналитичарите на „Голдман Сакс“.
Ценaтa на нафтата може да порасне до 150- 200 долари за барел во следните две години, сметаат аналитичарите на „Голдман Сакс“.
Можноста за пораст на цената на нафтата во следните шест до 24 месеци, како многу веројатна ја оценува Арџун Мурти, еден од експертите на „Голдман сакс“, кој вртоглавиот раст на вредноста на „црното злато“ го предвиде уште во март 2005 година, кога барел нафта чинеше околу 55 долари.
Своевремено тој пресмета дека во 2006 година нафтата ќе „скокне“ на 75 долари, а во 2007- до 105 долари.
Прагот од 100 долари за барел, беше поминат на почетокот на 2008 година, а вчера барел нафта на берзата во Њујорк се продaваше за рекордни 122,73 долари.
Зголемувањето на цената, според експертите се должи на дисбалансот меѓу понудата и побарувачката, но и на обезвреднувањето на парите, а пред се на доларот.
Доколку цената на нафтата расте умерено и овој тренд продолжи до 2010-2011 година, просечната цена на нафтата се очекува да биде 120 долари за барел на годишно ниво.
„Но во случај на отсуството на адекватен пораст на понудата проследен со зголемувањето на побарувачката во развиените држави кои не се многу зависни од цените на нафтата, би се испровоцирало драстично намалување на побарувачката“, смета Мурти.
Тоа значи дека во случај цената на нафтата да достигне 150-200 долари за барел, во периодот од 2009-2011 година, во 2011 би можела да падне на 75 долари за барел, појаснува Мурти.
Експертите анализираат и како промените на цената на нафтата ќе се одразат на светските економии. Најголемата економска сила во светот- САД, зголемувањето на расходите на енергетските ресурси го компензира со рефинансирањето на хипотекарните кредити, смета поранешниот економски советник на Бил Клинтон, Роберт Вескот.
Тој под знак прашање ја доведува и способноста на Кина да го компензира скратувањето на извозот во САД со домашната побарувачка.
На краткорочен план, порастот на цената на нафтата, сепак ќе овозможи помал раст на руската економија, сметаат експертите.
Тие појаснуваат дека доколку во 2011 година цената на нафтата драстично поевтини, доларот сепак би можел да ја зајакне својата вредност. /
Мирјана Стојановска, Александар Поповски
Copyright 2007
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

