Свет
Одложено судење против Даравелски

Судскиот процес против Драган Даравелски поранешниот прв човек на Царинската управа на Македонија вчера беше одложен во Основниот суд 1 во Скопје.
Судскиот процес против Драган Даравелски поранешниот прв човек на Царинската управа на Македонија вчера беше одложен во Основниот суд 1 во Скопје. Во случајот е обвинет и Кирил Доцевски негов соработник. И двајцата не се појавија во судницата. Даравелски е надвор од државата и престојува во Србија и Црна Гора.
Исто така дел од повиканите сведоци не дојдоа. Беа присутни преставници на повеќе оштетени институции меѓу кои Царината, , министерството за финасии, од Брегалничката епархија. не беа претсавници на Здружението за подобро Куманово.
Вчера требаше да се одржи првото судско рочиште закажано месец дена по правосилноста на обвинителниот акт. Во меѓувреме даравелски два пати бараше да биде повлечена потерницата за него. Тој бараше да може да дојде во Македонија ама да не биде апсен. Кривичиот совет во Основниот суд 1 во Скопје барањето го одби.
Потерница за Даравелски беше издадена во 2003 година. Пред тоа полицијата шест месеци трагаше по него. Тој е осомничен за финансиски малверзации во Царината. Во мај 2003 полицијата до Основното јавно обвинителтво поднесе кривичНа пријава против него, но бидејќи не беше достапен за полицијата беше распишана потерница.
Тој беше спектакулано уапсен во Белград, Србија и Црна Гора. Но само по неколку дена тој покажа документ дека е српски држвјанин и беше пуштен на слобода, а тамошниот Врховен суд му го укина екстрадициониот притвор. Срките влсти го пуштија оти немало доволно докази дека правел малверзации во македонската Царина.
Двајцата се осомичени дека ја оштетиле државата за 136,3 милиони денари. Драган Даравелски треба да одговара за трошење државни пари. Тој делел пари за позајмици на пријатели, купувал автомобили со повисоки цени од реалните и делел пари на луѓе кои не биле вработени во Царината. (К.М.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“