Uncategorized
Кацав нема да присуствува на седницата во Кнесетот
Израелскиот претседател Моше Кацав нема да присуствува на отворањето на зимската сесија на израелскиот Парламент, јави израелското државно радио.
Израелскиот претседател Моше Кацав нема да присуствува на отворањето на зимската сесија на израелскиот Парламент, јави израелското државно радио.
Тоа го објави лично самиот претседател, откако изутрината полицијата му препорача на обвинителството да покрене обвинување против Кацав за сексуално малтретирање и незаконско прислушување.
„Претседателот Кацав се заблагодари на поканата на претседателот на Кнесетот, Далија Ицик да присуствува на првата седница, но, поради актуелните околности реши да не се јави на поканата“, се наведува во извештајот на радиото.
Претходно, израелските медиуми јавија дека претседателот Моше Кацав може да се соочи со казна затвор од 3 до 16 години, доколку биде прогласен за виновен за сексуална злоупотреба на неговата секретарка и уште една службеничка додека бил министер за туризам.
Самиот Кацав категорично ги отфрла сите обвиненија против него и вели дека станал мета на „јавен линч без претходна истрага“.
Целиот случај се заканува да го разниша политичкиот систем на Израел. Државниот обвинител Менахем Мазуз, својот конечен став ќе го изнесе за две до три седмици.
/крај/бг/ап/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.