Uncategorized
Објавени планови на САД за можен напад врз Иран
Планови за моженнапад на САД врз Иран ако ескалира кризата околу иранските нуклеарни целиажурирале американски воени претставници, иако не изгледа дека ударите сенеизбежни.
Планови за моженнапад на САД врз Иран ако ескалира кризата околу иранските нуклеарни целиажурирале американски воени претставници, иако не изгледа дека ударите сенеизбежни.
“САД располагаатсо значајна воздушна и морнаричка сила за изведување на удар ако претседателотЏорџ Буш реши да нападне нуклеарни локации или да возврати поради наводнаиранска вмешаност во Ирак“, пишува агенцијата Асошиејтед прес, во написот заможен судир во регионот.
Можни цели занапад, освен нуклеарната инсталација со плински центрифуги за збогатување науран во Натанц, се и локации со балистички ракети, бази на Револуционернатагарда и силите на иранската воена морнарица што може да го затворат теснецотХормуз – витална сообраќајна артерија за превоз на нафта од Персискиот залив,наведува АП.
Воената морнарицана САД во Заливот има носач на авиони со 60 ловци што би имала важна улога вокампањата на воените удари. Контигент од 2.200 маринци стандардно сераспоредени во Заливот, а авиони-ловци и бомбардери се достапни и на другиместа во подрачјето на Заливот, се додава во извештаите.
Заедничкиот штабна американските вооружени сили е должен да се подготвува и да ги ажурираплановите во случај на потреба за можна воена акција.
Тајните планови,со серија временски одредници и број на постројки, се темелат врз основа на целспектар потенцијални сценарија – од инвазија како онаа во март 2003 година врзИрак, до помалку важни мисии.
/крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.