Uncategorized
Јушченко и Јанукович разговараат за кризата
Украинскиот
претседател Виктор Јушченко
и премиерот Виктор Јанукович се сретнаа денеска за да ја разгледаат политичката
криза во државата, која се создаде откако шефот на државата го распушта парламентот.
Украинскиот
претседател Виктор Јушченко
и премиерот Виктор Јанукович се сретнаа денеска за да ја разгледаат политичката
криза во државата, која се создаде откако шефот на државата го распушта парламентот.
Тема на разговорот
нема да биде барањето на премиерот да
биде анулиран указот на претседателот за распуштање на парламентот, туку организирањето
на предвремени избори за законодавниот дом, соопшти заменик-началникот на претседателката канцеларија
Олександар Чали.
Претседателот
сака да се постигне политички договор за начинот, на кој ќе се изврши указот и ќе се организираат
привремените избори, додаде тој.
Јушченко
претходно на средба со шефовите на безбедносните служби рече дека е
недопустлива употреба на сила во разрешување на кризата.
„Политичарите треба да ги разрешат
конфликтите по политички пат”, рече претседателот и ги повика раководителите на безбедносните сили да не спроведуваат никакви мобилизациони активности. Јушченко посочи дека ситуацијата во државата не вонредна и „бара решение исклучиво по демократски пат”.
Министерот за
одбрана Анатолиј Хритсенко рече дека армијата ќе биде лојална на претседателот
на државата.
Европската комисија ги повика политичките сили во Украина да изнајдат мирно решение за кризата,.
„Ги повикуваме сите политички сили, кои се засегнати, да соработуваат и да најдат мирно решение за постоечкиот проблем", изјави портпаролот на европскиот комесар за надворешни работи Бенита Фереро-Валднер.
Портпаролката Кристијана Хоман потсети дека е важно за процесот на реформите, кои ЕУ ги поддржува и финансира во Украина, да се сочува политичката стабилност.
Премиерот
Јанукович претходно се закани дека ќе предизвика предвремени претседателски избори
ако шефот на државата не го преиспита решението за распуштање на парламентот.
Илјадници приврзеници
на украинскиот премиер протестираат во центарот на Киев. Групите доаѓаат од различни
делови на државата и се собираат на плоштадот до парламентот. На плоштадот се
поставени близу 140 шатори, сценарио, што многу потсетува на „портокаловата"
револуција од 2004 г./
макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Uncategorized
Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.
Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.
Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.
Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.
Uncategorized
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.
Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.