Uncategorized
Консензус на ЕУ за спогодбата со Русија
Спогодба за нацрт-преговорите занова стратегија на партнерството на ЕУ со Русија постигнаа синоќа државите-членкина ЕУ, откако успеаја да ја придобијат Литванија.
Спогодба за нацрт-преговорите занова стратегија на партнерството на ЕУ со Русија постигнаа синоќа државите-членкина ЕУ, откако успеаја да ја придобијат Литванија.
Според словенечкото претседателство со ЕУ, државите-членки на Унијатауспеале да ја убедат Литванија да ги прифати условите за преговори на ЕУ соРусија.
Литванија, со месеци, го блокираше постигнувањето консензус. Бараше повеќе прашањашто не се однесуваат на договорот да се вклучат во преговарачкиот мандат што гоима ЕУ. Меѓу нив се судирот во Грузија иМолдавија, енергетската безбедност и успешната соработка во областа направосудството.
Новата политичка спогодба со Русија би требало да се потпише на највисокониво на Самитот што ќе се одржи на 26. и 27.јуни кога новиот руски претседателДмитриј Медведев прв пат официјално ќе ја претстави Русија.
/крај/б92/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права сезадржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целинаили во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.