Свет
Европскиот парламент го потврди договорот за размена на податоци со САД
Пратениците на Европскиот парламент денеска во Стразбур го потврдија договорот за размена на банкарски податоци со Соединетите американски држави (САД) во рамките на борбата против тероризмот
Пратениците на Европскиот парламент денеска во Стразбур го потврдија договорот за размена на банкарски податоци со Соединетите американски држави (САД) во рамките на борбата против тероризмот.
Договорот е постигнат по тешки преговори со Вашингтон, од кој се бара да ја гарантира тајноста на податоците. Според договорот дозволено е давање на банкарски податоци на европските граѓани на американските власти кога спроведуваат истрага за финансирање на терористички организации.
Според договорот САД од први август ќе има пристап до финансиските податоци во 8.000 институции и банки, со кои управува компанијата СВИФТ со седиште во Брисел.
Европскиот парламент во февруари годинава го отфрли првиот предлог на договорот, бидејќи не беше задоволен со гаранциите, кои американската страна ги понуди во врска со заштитата на податоци./крај/хина/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.