Uncategorized
Анкета: Човештвото се понебезбедно
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/7bc29ee7-123a-4dd4-a102-e6aa759e744c.jpeg)
Човештвото станува се попесимистично за развојот на светската економија и општо, смета дека Планетата станува се помалку безбедна, покажува анкетата што синоќа ја објави Светскиот економски форум.
Човештвото станува се попесимистично за развојот на светската економија и општо, смета дека Планетата станува се помалку безбедна, покажува анкетата што синоќа ја објави Светскиот економски форум.
Според анкетата на институтот Галуп Интернешнл, спроведена на крајот од 2007 на примерот од 61 илјада и 600 лица во 60 држави, околу 36 проценти на испитаници проценуваат дека благосостојбата во иднина ќе се намалува.
Резултатите на студијата откриваат дека има влошување во однос на 2006 година, кога 40 проценти од испитаниците со оптимизам гледале на светската економија.
На прашањето дали идните генерации ќе живеат во побезбеден свет од денешните, преовладуваат песимистите со 48 проценти на оние кои сметаат дека светот ќе биде помалку безбеден.
Авторите на студијата истакнуваат дека западните држави се се попесимистични – 54 проценти од западните Европјани и 43 проценти од Американците прогнозираат дека светот побавно ќе напредува.
Околу 69 проценти од Европјаните и 61 процент од Американците очекуваат дека идниот свет ќе биде се понебезбеден.
Африканците, пак, имаат најголем оптимизам во однос на економскиот напредок односно дури 71 процент, се наведува во анкетата објавена спроти годишното заседание на Светскиот економски форум во Давос.
Испитаниците полошо ги оценуваат политичарите отколку стопанствениците, па така 60 проценти ги сметаа политичарите за нечесни, а 43 проценти вака мислат за директорите на претпријатијата.
Испитаниците, во оценката за приоритетите, на прво место ја ставија борбата против сиромаштијата, а потоа економскиот развој и борба против војните.
/крај/хи/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);