Спорт
Металург без половина тим поразен од Загреб
Ракометарите на македонскиот шампион, Металург, загубија од Загреб во рамките на регионалната СЕХА лига со 30:25.
Ракометарите на македонскиот шампион, Металург, загубија од Загреб во рамките на регионалната СЕХА лига со 30:25. Натпреварот беше своевидна увертира престојниот двомеч на овие две екипи во осминафиналето во Лигата на шампиони. На натпреварот кој се одигра во Вараждин, Мателург настапи со половичен состав, без првите звезди, од носителите на играта во составот на Лино Червар беа само Алушовски, Димовски и Миркуловски.Стојчевски со 7 голови беше најефикасен кај Мателург, додека Левов и Миркуловски постигнаа по 5 гола. Металург со овој пораз, втор во СЕХА лигата, остана на 42 бода од 18 одиграни натпревари, додека Загреб се израмни на лидерската позиција со Вардар Про, двата тима имаат по 44 бодови. Металург и Загреб повторно ќе играт за една недела, на 18. март во Скопје ќе се одигра првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан и Челзи постигнаа договор за Феликс
Фудбалскиот клуб Милан постигна договор со Челзи за позајмица на Жоао Феликс, пренесува Танзи Лоик, новинар на „Лекип“.
Португалскиот напаѓач со денови се поврзуваше со трансфер во Милан, а како што стојат работите, двата клуба постигнаа договор на истекот на преодниот рок. Феликс ќе го напушти Челзи по само шест месеци, откако му се приклучи на англискиот клуб минатото лето од Атлетико Мадрид. „Сините“ на Атлетико му платија 52 милиони евра за трансферот на Португалецот.
Донесен како големо засилување, Феликс не успеа да му се напетне кај тренерот Енцо Мареска. Во Премиер лигата речиси и да не играше, место во тимот имаше само во Лига купот и Конференциската лига.
Феликс има договор со Челзи до јуни 2030 година. Позајмицата Милан ќе ја плати пет милиони евра. Во договорот не постои клаузула за откуп на договорот.
Феликс кариерата ја започна во Бенфика, во 2019 година се пресели во Атлетико за клупски рекорд од 126 милиони евра. Не ги оправда вложените пари, па Атлетико го испраќаше на позајмици во Челси и Барселона.
Спорт
Сити го договори и Нико Гонзалес, 24 милиони од трансферот одат во касата на Барселона
Манчестер сити заврши уште еден трансфер во зимскиот преоден ток. „Граѓаните“ го договорија трансферот на Нико Гонзалес од Порто.
Сити ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра. Од овој трансфер значителна сума ќе заработи Барселона. Кога Барселона го продаде Нико Гонзалес во Порто задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.
Пеп Гвардиола смета дека младиот Шпанец ќе биде добра замена за Родри, кој во септември ја заврши сезоната.
Нико е четвртото засилување за „Граѓаните“ во овој преоден рок. Претходно во клубот дојдоа Омар Мармуш, Витор Реис и Абдукодир Хусанов.
Со трансферт на Нико Гонзалес, Сити потроши 200 милиони евра во актуелниот преоден рок.
Спорт
Хименез е нова „деветка“ на Милан
Фудбалскиот клуб Милан го официјализира трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд. 23-годишниот Мексиканец потпиша договор до 2029 година, ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.
Милан за трансферот на Хименез плати 32 милиони евра, дополнителните бонуси на клубот од Холандија можат да му донесат уште три милиони евра.
Ова е втор најголем зимски трансфер во историјата на Милан. Иста сума клубот издвои за Кшиштоф Пјатек, кој пред точно шест години пристигна од Џенова на Сан Сиро, а во јануари 2019 година Милан на Фламенго за Лукас Пакета плати 38 милиони евра.
Хименез за Феенорд одигра 105 натпревари, постигна 65 голови и забележа 14 асистенции.
Интересно може да дебитира за новиот клуб токму против Феенорд. Милан е Феенорд ќе играат бараж двомеч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.