Uncategorized
Уапсени повеќе министри на Хамас, заложникот убиен

Израелските сили изутрината уапсија осум министри и 20 парламентарци од движењето Хамас, со намера да го засилат притисокот за ослободување на грабнатиот војник.
Израелските сили изутрината уапсија осум министри и 20 парламентарци од движењето Хамас, со намера да го засилат притисокот за ослободување на грабнатиот војник.
Ова го соопшти официјален претставник на палестинците. Израелската војска се уште официјално не ја потврди оваа вест.
Со ова сериозно се продлабочува најновата криза во појасот Газа што започна со грабнување на израелски војник.
Израел одговори со воена акција од поголем карактер во која учествуваа преку 3.000 војници, поддржани со тенкови, оклопни возила и авијација. Вчера првиот ден од акцијата израелските сили урнаа три моста и трансформатор по што тој регион остана без струја.
Израелски тенкови длабоко навлегле во појасот Газа, јавуваат денеска агенциите, повикувајќи се на очевидци. Со тоа дополнително е проширена најголемата акција на Израел во појасот Газа, откако лани сосема се повлече од оваа територија.
Израел нема намера повторно да го окупира појасот Газа, туку офанзивата има за цел ослободување на киднапираниот војник, изјави израелскиот министер за одбрана, Амер Перец.
Израелците ноќеска истрелале неколку проектили врз про-хамасовиот исламски универзитет, но нема информации за евентуални жртви.
Палестинските борбени групи истрелале ракета со хемиско оружје врз територијата на јужен Израел соопшти палестинската борбена група „Бригади на мачениците од „Ал Акса“. Тие се вооружено крило на движењето на палестинскиот лидер Махмуд Абаз „Фатах“ и тврдат дека поседуваат уште најмалку 20 хемиски ракети.
Израелската команда засега нема коментар за оваа информација.
Израелскиот премиер вчера го отфрли барањето на палестинските радикални групи за ослободување на палестинските жени и деца во израелските затвори, во замена за киднапираниот израелски војник.
Околу 8.000 палестински затвореници во Израел, се притворени без правосилна пресуда. Меѓу нив околу 300 се жени, а има и 100 деца. За да го зголеми притисокот за нивно ослободување беше киднапиран и еден цивил
Палестинските герилци објавија денеска дека го убиле израелскиот цивил со што дополнително се зголемува напнатоста.
Израелската војска потврди дека го пронашла мртво телото на 18 годишното израелско момче, кое веднаш е пратено на обдукција
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.