Uncategorized
Катастрофален земјотрес над 10.000 загинати –неизвесна судбина на 60.000 луѓе
Најмалку 10.000 луѓе загинаа вокатастрофален земјотрес што во понеделникот ја погоди провинцијата Сечуан воКина, јави државната новинска агенција Ксинхуа.
Најмалку 10.000 луѓе загинаа вокатастрофален земјотрес што во понеделникот ја погоди провинцијата Сечуан воКина, јави државната новинска агенција Ксинхуа.
Според истиот извор неизвесна е судбината на околу 60.000 жители во три града во провинцијата Сечуан. Телефонските врски сепрекинати, а спасувачките екипи не можатда дојдат до нив, бидејќи од земјотресот се разурнати патиштата.
Ова е најразорниот земјотрес што ја погоди Кина во последните три децении.
Епицентарот на земјотресот бил на 92 километри северозападно од главниот градна провинцијата Сечуан, Ченгду.
Потресот а се случил во два часот попладне по локалновреме, додека децата биле во училиште, а луѓето на работа.
/крај/б/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права сезадржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целинаили во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.