Контакт

Uncategorized

“Транспаренси“ – Лидерите на Г8 ја потценуваат корупцијата

Објавено пред

Лидерите на Г8 не посветија доволно внимание на огромното влијание на корупцијата и недостигот од транспарентност врз глобалната енергетска безбедност.

dobivaj vesti na viber

Лидерите на Г8 не посветија доволно внимание на огромното влијание на корупцијата и недостигот од транспарентност врз глобалната енергетска безбедност.

Ова го соопшти невладината организација “Транспаренси Интернешнл“. по повод завршната изјава што лидерите на осумте индустриски најразвиени земји ја усвоија на самитот што викендот се одржа во Санкт Петерсбург.

Иако во завршниот документ се наведува потребата од преземање мерки против корупцијата и чекори во врска со секторот на експлоатација на енергетски ресурси, изјавата не нуди практични детали за начинот на нивно спроведување, наведува “Транспаренси Интернешнл“.

Според оваа невладина организација, нејасниот јазик употребен во изјавата – заложба за „понатамошни напори“ за поддршка на „Иницијативата за транспарентност во индустријата на експлоатација на природни ресурси“ (EITI) – сугерира намера, но не наведува никакви конкретни чекори.

„Ние се надевавме дека земјите од Г8 ќе добиеме конкретни заложби за поддршка и проширување на EITI, но, наместо јасна заложба, добивме нејасна декларација“, соопшти Дејвид Нусбаум, директор на “Транспаренси Интернешнл“.

„Ова претставува чекор назад во однос на енергичниот и конкретен јазик што имавме можност да го чуеме лани, со што директно се спречува секој напредок во оваа смисла“, додаде првиот човек на “Транспаренси Интернешнл“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Објавено пред

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.

dobivaj vesti na viber

Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.

Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.

Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.

-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Објавено пред

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.

Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

Објавено пред

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.

Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.

Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.

Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија5 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија5 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија6 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ6 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија8 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија8 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет9 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија9 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија20 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија1 ден

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија1 ден

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет1 ден

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија1 ден

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ1 ден

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....