Uncategorized
Крвав ден во Ирак, 33 убиени, 80 ранети

Триесет и три лица се убиени, а повеќе од 80 се ранети во неколку одвоени напади денеска во Ирак, соопшти полицијата.
Триесет и три лица се убиени, а повеќе од 80 се ранети во неколку одвоени напади денеска во Ирак, соопшти полицијата.
Во првиот напад, две бомби експлодирале на различни места на Палестинската улица во Багдад. При првата експлозија биле ранети двајца полицајци и четворица цивили. Во втората експлозија загинале пет лица, кога цивилен автобус налетал на експлозивната направа.
Полициски автомобил налетал на бомба во северниот багдадски кварт Азамија, при што три лица загинале, а 13 биле ранети. Подоцна во експлозија на бомба на отворен пазар загинале четворица цивили, а биле ранети 16.
Нешто подоцна два автомобила бомби експлодирале во близина на американски конвој на патот кон аеродромот, при што биле ранети 18 Ирачани.
Според соопштение на американската војска, автомобил-бомба експлодирал во близина на американска воена база Кемп Виктори, во близина на аеродромот во Багдад.
“Терористите убија 14 Ирачани и ранија шест, кога со два автомобила полни со експлозив, се разнесоа пред контролен пункт до базата Кемп Виктори“, се вели во соопштението.
Бомба експлодирала и додека поминувал конвој со телохранители на министерот за надворешни работи Хошјар Зебари, на 160 километри северно од Багдад, при што тројца телохранители загинале, а тројца биле ранети. Зебари не бил во конвојот.
Во Мосул, во судири со бунтовниците, еден полицаец бил убиен, а тројца биле ранети. Нешто подоцна двајца цивили се убиени, а деветмина ранети во самоубиствен бомбашки напад.
Непознати лица застрелале еден цивил пред неговата куќа, 200 километри северно од Багдад.Напаѓачи застрелале еден полицаец и го раниле неговиот брат јужно од Бакуба, а телата на уште пет лица се пронајдени во разни делови на Багдад.
Британското Министерство за одбрана соопшти дека двајца британски војници се убиени, а еден е ранет во експлозија на бомба северно од Басра. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин
Uncategorized
Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.
Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.
Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.
Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.