Uncategorized
„Homebound / Macedonia 2007“ – „На пат кон дома / Македонија 2007“ од Васил Боглев
Во издание на Avenue Photos од Сиднеј, Австралија, од печат излезе „Homebound / Macedonia 2007“ – „На пат кон дома / Македонија 2007“, книга со фотографии од Васил Боглев, македонски фотограф кој живее и работи во Австралија
Книгата е фотографски запис од престојот на авторот во Македонија во 2007 година. На 248 страници, колку што има книгата, се објавени 168 фотографии снимени на повеќе локалитети низ Македонија кои го претставуваат секојдневието во земјата – нејзините градови и села, улици, згради, негибнатите природни убавини и богатата историја и, пред се‘, нејзините жители, обичните луѓе, кои го носат бремето на тоа секојдневие.Боглев ја претставува земјата и се‘ она што ја дефинира, во едно поинакво светло, својствено на неговиот стил, кој што во многу елементи е посебен и исклучителен. Многу нераскажани, многу скриени и, за многумина, секојдневни приказни, кои останале недокажани, светлото на денот го доживуваат токму преку овие фотографии. Заради елементот на повторување, многу детали од животот остануваат незабележани. Често пати тие детали, и покрај тоа што се дел од севкупната свест, ненамерно се ставаат во втор план за во одреден момент наеднаш да испливаат на површина со сета своја силина.Боглев е документарен и социјален фотограф. Тој е фотограф на улицата, на обичниот, секојдневен и, понекогаш, скриен и невидлив живот. Такви се и фотографиите објавени во оваа книга, кои ја прикажуваат токму таквата реалност – обична, скриена и, понекогаш, не толку убава, но секогаш присутна. Јасно, сето тоа видено со окото на Боглев, кому оваа му е трета книга со фотографии. Претходните две се книги со фотографии од Сиднеј.Васил Боглев е роден во Полска во 1953 година. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје. Од 1982 година работеше како новинар во Нова Македонија, а во 1987 година замина за Сиднеј, Австралија. Во Сиднеј неколку години работеше како архитект, а во 1990 година почна да го издава Македонски Глас, неделен весник на македонски јазик, дистрибуиран низ цела Австралија. По 10 години издаваштво, во 2000 година, Боглев и‘ се врати на старата љубов – фотографијата. Учесник е на многубројни изложби, на кои што има добиено високи награди и пофалби. Во 2001 година, на неофицијалниот веб-сајт на светски познатиот часопис за фотографија American Photo, Боглев се најде меѓу неколкумината забележителни светски имиња во фотографијата. Неколку години беше член на Фотографската агенција Newscom од Вашингтон, а во 2006 година ја формира Фото Агенцијата Avenue Photos.Книгата може да се набави преку познатите интернет портали за продажба на книги – Amazon, Barnes & Noble, Betterworld, и други, или преку веб-сајтот на Avenue Photos – www.avenuephotos.com.au/homebound.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

