Uncategorized
НАТО, за проширувањето, Авганистан, Косово, штитот…
Состанок на Советот на НАТО на кој ќе се расправа за проширувањето на Алијансата, ќе се одржи денеска, во рамки на Самитот на НАТО што се одржува во Букурешт.
Состанок на Советот на НАТО на кој ќе се расправа за проширувањето на Алијансата, ќе се одржи денеска, во рамки на Самитот на НАТО што се одржува во Букурешт.
Самитот во романската престолнина треба да им донесе покани за членство на Албанија, Хрватска и на Македонија, на кои тоа им беше ветено на претходниот состанок на врвот во Рига 2006 година.
Од друга страна понудата на НАТО – Украина и Грузија да добијат статус на кандидати предизвика негативни реакции од Русија, но и разлики меѓу земјите членки на воениот сојуз.
Лидерите на 26-те земји членки на НАТО се очекува да направат чекор напред во однос на мисијата во Авганистан, по најавата на Франција дека ќе упати дополнителни војници во ИСАФ, а треба да заврши и расправата за нееднаквата поделба на товарот на мисијата во Авганистан меѓу државите членки.
Долгорочен стратешки план за решавање на состојбата во Авганистан се очекува да биде усвоен на Самитот во Букурешт, во кој се нагласува дека НАТО таму ја гарантира безбедноста, а другите организации, како Обединетите нации, Светската банка, па и ЕУ треба да ја одиграат својата улога.
На денешната сесија се очекува да учествува и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, како и генералниот секретар на Обединетите нации(ОН) Бан Ки Мун.
Значајна тема на Самитот ќе биде и состојбата на Косово, особено по сериозните судири меѓу српските демонстранти и припадниците на мисијата на НАТО – КФОР и на полицијата на ОН.
Самитот се очекува да донесе напредок и во прашањето за изградбата на американскиот антиракетен штит во Европа.
Лидерите на НАТО ќе се подготвуваат и за подготовките за 60-годишнината од постоењето на Алијансата идната година, а на дневен ред е и соработката со други организации како ООН и ЕУ.
Самитот во Букурешт ќе биде најголем состанок на врвот досега, со најголемо учество на странски гости, меѓу кои се издвојуваат генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, лидерите на Русија во заминување и доаѓање Владимир Путин и Дмитриј Медведев, како и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
Во Букурешт се над 3.000 официјални лица, од кои 24 шефови на држави и 26 претседатели на влади, како и околу 3.500 претставници на медиумите. За безбедноста ќе се грижат околу 34 илјади полицајци.
(крај)ста/мк/мп
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.
Uncategorized
Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ со албум снимен на три континенти
Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“: Албум снимен на три континенти што нуди музичко патување без граници. Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ сабота, 8 ноември, PUBLIC ROOM (во рамки на Skopje Design Week)
Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.
Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „Afro Gitano е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.
Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото. „Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.
Африка, Балканот и урбаната сцена во едно
За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата.
Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка,“ вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно.“


Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата
Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот,“ вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.
Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот.“
Настан што обединува музика, уметност и дизајн
Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот,“ додава Китановски.
Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар,“ вели Китановски.

