Uncategorized
Генерал Бунујаратглин ја презеде власта во Тајланд
Воениот удар во Тајланд беше нужен, а војската нема намера вечно да остане на власт, изјави водачот на ударот, генерал Сонтхи Бунујаратглин.
Воениот удар во Тајланд беше нужен, а војската нема намера вечно да остане на власт, изјави водачот на ударот, генерал Сонтхи Бунујаратглин.
Тој потврди дека војската го суспендирала уставот, го распушти сенатот, застапничкиот дом, владата и уставниот суд.
„Преодната влада неколку пати го навреди кралот и затоа моравме да ја преземеме власта, да ја вратиме состојбата во нормала, час поскоро да создадеме единство во земјата и да му ја вратиме власта на народот“, изјави Бунујаратглин.
Генералот го обвини вршителот должност премиер, дека предизвикал раскол без преседан во општеството, поттикнал ширење на корупцијата, непотизмот и ги блокирал независните институции.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Кофи Анан денеска го осуди воениот удар на Тајланд против премиерот Таксин Шинаватра, кој учествува на годишното собрание на ОН и повика на смирување на состојбата.
Финска во својство на претседавач со Европската унија (ЕУ) изрази длабока загриженост поради состојбата во Тајланд и повика на повторно воспоставување на демократскиот поредок.
Тајландската војска синоќа ја презеде контролата во Бангкок без истрелан куршум и најави формирање на комисија за реформа на уставот.
Власта сега е во рацете на Бунујаратглин, кој неодамна бил разрешен од должноста генерал од страна на премиерот Таксин. Портпаролот на тајландската владата од Њујорк порача дека државниот удар во земјата нема да успее
./крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.