Uncategorized
ООН: Резолуција против смртната казна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/a9fb9628-7cb7-4dc8-914f-f91a02d0f3bd.jpeg)
Повеќе од 70 држави поднесоа иницијатива во Генералното собрание на ООН за усвојување резолуција да се укине смртната казна.
Повеќе од 70 држави поднесоа иницијатива во Генералното собрание на ООН за усвојување резолуција да се укине смртната казна.
Двата претходни обиди за ваква резолуција пропаднаа главно поради противењето на САД каде многу сојузни држави се уште ја спроведуваат смртната казна.
Новиот текст не содржи отворено барање туку нацрт претставен во Комитетот на Генералното собрание за човекови права, што ги повикува сите држави да воведат мораториум за извршување на смртна казна.
Резолуцијата наведува дека таков вид на казнување го поткопува човековото достоинство, дека нема докази оти е ефикасна во намалувањето на криминалот, и дека во случај на правна грешка, не може да се поништи ниту поправи.
Резолуциите што се усвојуваат во Генералното собрание не се обврзани како во Советот за безбедност, но имаат морална сила.
Според податоците на Амнести интернешнал, бројот на извршени смртни казни во светот се намалил од 2.148 во 2005 на 1.591 во 2006 година, а помал е и бројот што ја спроведуваат смртната казна.
Во 99 држави смртната казна е укината, а во 69 се уште се спроведува. Во Кина, Иран, Ирак, САД, Пакистан и Судан се извршени 90 проценти од сите смртни казни во светот, а најголем број на егзекуции се извршени во Кина.
/крај/б92/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);