Свет
Непишани правила за „летање“ на државниците

Трагичната авионска несреќа, во која во саботата загина претседателот Лех Качински и голем број други членови на државното и военото раководство на Полска, отвори многу дилеми.
Трагичната авионска несреќа, во која во саботата загина претседателот Лех Качински и голем број други членови на државното и военото раководство на Полска, отвори многу дилеми.
Така на пример, во Германија нема забрана со која на сојузниот претседател и на канцеларот им се забранува да летаат во ист авион. Тие имено патуваат заедно.
Канцеларот Ангела Меркел и претседателот Хорст Келер минатата година летаа во ист авион на комеморацијата за жртвите од масакрот во училиштето во Виненден, кај Штутгарт.
Исто така и канцеларот и заменикот-канцелар повремено патуваат заедно. Во времето на големата коалиција, релативно чести беа заедничките патувања на Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Штајнмајер.
Сојузната канцеларка, исто така, патувала заедно со вице-канцеларот Гвидо Вестервеле на еден самит на ЕУ. Сепак, не може да има вакуум во државниот врв.
Во случај сојузниот претседател Келер смртно да настрада, на неговото место автоматски би дошол актуелниот претседател на Бундесратот.
Исто така во Франција има непишани закони за случаите кога владините претставници и претседателот одат заедно на пат. Шефот на државата и претседателот на Сенатот, заменикот на претседателот во Елисејската палата, никогаш не патува со него во ист авион.
Претседателот и вицепретседателот на САД, од безбедносни причини никогаш не патуваат со ист авион од терористичките напади на 11 септември 2001 година.
Во САД врвните политичари скоро никогаш не патуваат заедно со ист авион, за да избегнат во случај на паѓање или терористички напад да загинат премногу врвни луѓе.
Во Велика Британија, принцот престолонаследник Чарлс мора да добие одобрение од неговата мајка, кралицата Елизабета втора, кога сака да лета заедно со неговите синови Вилијам и Хари.
Ако премиерот и кралицата патуваат заедно со ист авион, тоа би било спротивно на националните безбедносни прописи, како и спротивно на протоколот на кралската палата./крај/дв/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Работата во Газа не е завршена, втората фаза од мировниот договор започнува веднаш

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека работата во Газа не е завршена, бидејќи телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Сите 20 преживеани заложници се вратија и се чувствуваат добро, како што може да биде. Тешкиот товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела значеше дека Хамас ќе ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокot истече во понеделникot напладне и Хамас ослободи 20 заложници живи, но ги врати само телата на само четворица од 28-те што загинаа во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Дадениот рок во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група за да помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
„Втората фаза започнува веднаш“, додаде Трамп, алудирајќи на делови од неговиот план од 20 точки за повоено управување и реконструкција на Газа, кој ќе го води преодна влада на палестински технократи и ќе го надгледува мировен комитет со кој претседава американскиот претседател и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Првата фаза, според Трамп, вклучува ослободување на заложниците, повлекување на Израел од Газа и обезбедување хуманитарна помош, додека Хамас сè уште не се согласил со втората фаза, која вклучува нивно разоружување.
Фото: принтскрин
Свет
Сикорски: Европа мора да се подготви за „длабок“ руски напад

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека Европа мора да биде подготвена за руски напад длабоко на нејзина територија. Тој оцени дека е „неодговорно“ што не гради одбранбени системи како што е „ѕид од беспилотни летала“ на неговото источно крило.
Во Лондон, каде што го претстави иранскиот дрон „Шахед-136“ соборен во Украина, Сикорски ги повика европските земји да „останат доследни“ во својата поддршка за Украина, наведувајќи дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги стави на располагање ракетите Томахавк со долг дострел на таа земја, пренесува Ројтерс.
Тој процени дека снабдувањето на Украина со дополнителна муниција за противвоздушна одбрана, како и оружје со краток и среден дострел, е неопходно за да се помогне во заштитата на Европа, наведувајќи ги како примери упадите на руски беспилотни летала над Полска и борбените авиони над Естонија.
Тој рече дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген биле руски.
Запрашан за можноста за проширување на иницијативата „ѕид од беспилотни летала“ за да се спротивстави на идните упади, Сикорски за Ројтерс изјави дека руските напади „за жал би можеле да стигнат длабоко во Европа“.
„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа и затоа мислам дека би било неодговорно ако не изградиме капацитети против беспилотни летала денес“, рече Сикорски, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или штети.