Контакт

Свет

Обама: нуклеарниот материјал најголема закана за светската безбедност

Објавено пред

Претседателот на САД Барак Обама во вторникот ги повика светските лидери да ја засилат својата решеност за ставање под подобра контрола на нуклеарниот материјал и оружја, со што тој би останал надвор од дофатот на терористичките организации, пренесува Channel News Asia.

dobivaj vesti na viber

Целта на дводневниот самит во Вашингтон посветен на ова прашање, најголем ваков настан организиран во САД од 1945 година наваму, е да се изнајдат механизми нуклеарниот материјал, плутониумот и високо-збогатениот ураниум, од воените и од цивилните резерви да биде ставен под целосна контрола или уништен во рок од четири години. „Мислам дека овој самит е индикација за тоа колку сите треба длабоко да се загрижат од последиците на шверцот на нуклеарен материјал. Верувам дека на крајот на самитот ќе видиме конкретни акции за кои секоја од земјите-учеснички ќе се заложи и кои ќе го направат светот малку побезбедно место“, истакна Обама. Украина, во која во 1986 година се случи најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, кога експлодираше реактор од атомската централа во градот Чернобил, му го даде првичниот поттик на самитот со тоа што се откажа од своите залихи на високозбогатен ураниум, подготвен за изработка на атомска бомба. Новоизбраниот претседател на Украина, Виктор Јанукович на билатералната средба со Обама му рекол дека неговата земја се откажува од 90 килограми високозбогатен ураниум, доволен за изработка на неколку бомби. Примерот на Украина веднаш го прифатија Канада, која се откажа од многу помалите залихи, а пред неа тоа го стори и Чиле. Претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, на самитот истакна дека префрлањето на нивниот ураниум во САД на чување претставува пример за тоа како помалите земји можат со конкретни акции да  придонесат  за побезбеден свет. Во вторник САД и Русија во рамките на самитот треба да потпишат договор за средување на резервите на плиутониум. Договорот предвидува елиминација на непотребните количини на плутониум и во двете земји кои, според американскиот Стејт дипартмент,  се доволни за изработка на неколку илјади нуклеарни оружја. Сенка врз успешноста на самитот фрлаат зголемените тензии околу нуклеарната програма на Иран. Во понеделникот претседателите на САД и на Кина на билатералната средба се договорија нивните делегации да работат заеднички на осмислувањето на евентуалните санкции врз Иран, во рамките на Обединетите наци и групата „п5+1“ (САД, Русија, Кина, Франција и британија како членки на СБ на ОН, плус Германија). Проблеми создава и втората држава која има проблемитечна нуклеарна програма, последниот комунистички бастион на светот Северна Кореја, која му се спротивстави на меѓународниот притисок и произведе сопствено нуклеарно оружје. Ниту лидерите на Северна Кореја, ниту пак тие на Иран учествуваат на самитот во Вашингтон. Претставникот на Иран во меѓународната агенција за атомска енергија,контролно тело на Обединетите нации, Али Асгар Солтание, го обвини Вашингтон дека „САД се всушност, вистинската закана за светскиот мир“, имајќи го предвид нивниот огромен нуклеарен арсенал. „Исходот на конференцијата во Вашингтон е познат однапред. Какава и да било одлука донесена на оваа средба нема да биде обврзувачка за оние земји кои не се претставени на самитот“, изјави Солтание за иранската новинска агенција ИСНА. На самитот не присуствува и изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои стравува дека муслиманските држави во Вашингтон ќе го покренат прашањето за недекларираното израелско нуклеарно оружје и ќе побараат еврејската држава да дозволи меѓународни инспекции на арсенало.  Шефот на египетската дипломатија Ахмед Абул Геит на самитот истакна дека се надева оти санкциите кон Иран би можеле да се одбегнат, но побара Израел да биде казнет поради одбивањето да го потпише Договорот за неширење на нуклеарното оружје.  Францусккиот претседател Никола Саркози на конференциијата се согласи со својот американски колега дека нуклеарниот материјал претставува најголема опасност за светската безбедност и дека треба да се држи под цврста контрола, но истакна дека Франција не може унилатерално да се откаже од својата нуклеарна прогграма.„Во толку опасен свет каков што е овој во кој живееме, Франција не може унилатерално да се откаже од нуклеарното оружје“, истакна Саркози.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите

Објавено пред

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

dobivaj vesti na viber

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

Прикажи повеќе...

Свет

Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека

Објавено пред

Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.

dobivaj vesti na viber

Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.

Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.

Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.

Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.

Прикажи повеќе...

Свет

Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани

Објавено пред

Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.

dobivaj vesti na viber

Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.

Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.

На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.

Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија5 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија6 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ9 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија9 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет11 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет11 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет12 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион12 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет12 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија23 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија23 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...