Uncategorized
Илјадници граѓани на ДДР шпионирале за западните служби

Разузнавачкатаслужба на поранешната Сојузна Германија врбувала околу 10.000 граѓани одисточна Германија(ДДР) кои и доставувале податоци од ДДР, јавуваат германскитемедиуми.
Разузнавачкатаслужба на поранешната Сојузна Германија врбувала околу 10.000 граѓани одисточна Германија(ДДР) кои и доставувале податоци од ДДР, јавуваат германскитемедиуми.
Споредрезултатите од истражувањето што го спроведоа историчарите Матиас Ухл и АрминВагнер, германската Сојузна разузнавачка служба(БНД) меѓу 1949 и 1989 годинаангажирала граѓани од ДДР кои и овозможиле да ги дознае плановите за изградбана Берлинскиот ѕид, како и други информации, првенствено за советската војска.
Резултатите наистражувањето во најголема мерка се засноваат на картотеката за ДДР, која од2002. е достапна во германскиот Сојузен архив во Кобленц.
Во картотекатаможат да се пронајдат податоци според кои уште во 1955. повеќе од 4.000 граѓанина ДДР работеле за БНД. Тие во главно ги набљудувале советските касарни, аинформирале и за движењето на трупите.
„До подигањето наБерлинскиот ѕид БНД релативно лесно можел да врбува соработници во источнаГерманија“, изјави Ухл.
За врбување насоработници на исток, разузнавачката служба на Сојузна Германија ги користелаподатоците од времето на Вермахтот, како и семејните и пријателските врски.
За информациите,кои во најголем дел биле од „општ карактер“, соработниците добивале хонорар вовисина од 50 до неколку илјади западногермански марки.
Некои сесогласиле на соработка бидејќи биле уценувани, додека некои соработувалебидејќи на тој начин сакале да се борат против комунизмот.
Јадрото насоработничката мрежа го сочинувале само неколку стотина соработници.Соработката со останатите била од краток век и траела само по половина година.
По 1961. годинасоработката станала потешка и поопасна. Источно германската тајна службаразвила сопствена мрежа на соработници, намерно лансирала погрешни информации ифаќала и казнувала западни агенти.
/крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Борејќи се за Русите загина син на заменик-директорка на ЦИА

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменик-директорката на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, објави „NBC News“.
Според медиумските извештаи, Глос се приклучил на руската армија и бил убиен за време на борбените операции во Украина.
„ЦИА ја смета смртта на Мајкл за приватна семејна работа на семејството Глос, а не за прашање од национална безбедност“, рече портпаролот.
Порталот „Important Stories“ беше првиот што објави за смртта на Глос, повикувајќи се на руски извори и профилите на починатиот на социјалните мрежи. На својата страница на ВКонтакте, Глос објави фотографии од Црвениот плоштад и изрази сочувство кон руската војска, нарекувајќи ја украинската армија „корумпирана“, а западните медиуми „пропаганда“.
ЦИА официјално ја потврди смртта, но не прецизираше на чија страна синот на функционерката учествувал во борбите. Во соопштението за медиумите се наведува дека семејството доживеало голема лична трагедија и побарало да се почитува нивната приватност.
„Патување во Источна Европа“
Во официјалниот некролог, семејството навело дека Мајкл починал „додека патувал во Источна Европа“, без да ја спомене Русија или војната во Украина.
Според достапните информации, Мајкл Глос е син на Џулијан Галина Глос, заменик-директорка на ЦИА за дигитални иновации, и Лари Глос, ветеран од војната во Ирак кој работи на развој на софтвер за американската војска и НАТО.
Медиумите известуваат дека Мајкл бил пацифист, протестирал против забраната за абортус и се залагал за заштита на климата. Пред да дојде во Русија во 2023 година, тој патувал низ Европа и на социјалните мрежи се опишувал како антифашист, еколошки активист и борец за правата на жените. Тој објавуваше теории на заговор за Украина и веруваше дека НАТО е основано од нацистите.
Uncategorized
(Видео) Гвинет Палтроу ја провоцира Меган Маркл: снимката поттикна коментари

Обожавателите на Гвинет Палтроу се убедени дека актерката суптилно ја провоцира Меган Маркл додека таа се снимаше како прави појадок во својата кујна облечена во пижами. Основачот на брендот Goop, 52-годишната Гвинет, во саботата на „Инстаграм“ објави видео на кое подготвува појадок.
View this post on Instagram
Видеото доаѓа откако Меган на „Нетфликс“ го почна своето готвачко шоу „Со љубов, Меган“, кое, и покрај лошите критики, ќе има втора сезона. Во текот на целата сериј, Меган изгледа беспрекорно, облечена во луксузни дизајнерски парчиња додека готви во туѓа, изнајмена кујна.
Од друга страна, Гвинет во својот спот се појави без шминка, во лежерни пижами со пруги, користејќи ја песната This Will Be (An Everlasting Love) од Натали Кол, која се користи и во промотивните материјали за шоуто на Меган на „Нетфликс“.
Фановите бргу реагираа на социјалните мрежи. „Гвинет Палтроу продолжува суптилно да провоцира, а јас сум за тоа! Без шминка, во нејзината вистинска кујна“, „Дури и музиката… тоа е This Will Be (Everlasting Love) на Натали Кол“, „Ха, ха, нели е тоа песната што ја користат за да ја промовираат Меган Маркл?“, „Така приземјена и природна, во пижами, со разбушавена коса, без шминка, пие кафе. Едноставна и опуштена“, се дел од коментарите на „Икс“.
Еден обожавател додаде: „Браво, Гвинет. И таа има вистинско куче, во вистинска кујна, во својата куќа“. „Умирам од смеење. Таа не мора да каже ниту збор. Автентична и подобра во секој поглед, во пижами, без шминка, а сепак толку софистицирана“, напишал друг следбеник.
Uncategorized
Средба Мисајловски – Салај Бобровници во рамките на унгарско-македонскиот владин самит: Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари билатерална средба со својот унгарски колега Кристоф Салај Бобровницки во рамки на кој денеска се одржува во Будимшешта, Република Унгарија.
Уште еден значаен чекор кон побезбедна, посигурна и просперитетна иднина, за граѓаните на двете држави, за регионот и Европа, беше констатирано од страна на двајцата соговорници на денешната средба.
Мисајловски во оваа прилика додаде дека е потребно да се искористи секоја можна соработка која ќе придонесе не само проширување и продлабочување на односите меѓу двете земји туку на развој на државите.
„Еден од најважните критериуми за развој е зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста. Токму затоа е потребно заеднички да продолжиме да вложуваме во јакнењето на регионалната безбедност, како би можеле поефикасно да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме“, истакна министерот Мисајловски и додаде дека е особено горд што одбранбената соработка со Унгарија се интензивира особено по потпишувањето на Планот за билатерална соработка меѓу двете земји.
„Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина. Активностите кои се опфатени со Планот се доказ за сериозната посветеност меѓу двете министерства и армии и за нас е од особена важност е можноста за размена на искуства и знаења кои двете земји ги нудат во насока на зајакнување на човековите капацитети“, потенцира Мисајловски.
Унгарскиот министер Салај Бобровницки на оваа средба кажа дека се отвораат нови можности во процесот на набавки и развој во делот на одбранбената индустрија преку договор Влада со Влада, можноста за набавки на воена опрема од страна на унгарски производители, како и за интензивирање на соработка во процесот на обука и вежби за припадниците на специјалните сили и армиите воопшто.
За време на состанокот се разговараше и за Меморандумот за разбирање меѓу двете институции, кој е во завршна фаза на усогласување, а кој ќе биде дополнителен импулс градењето на меѓусебната соработка.