Uncategorized
Австралиската војска ќе остане долго во Авганистан
Австралијанската војска ќе остане уште долго време во Авганистан и покрајнеодамнешното решение на Канада да ги повлече своите војски од јужниот дел надржавата, која што е најмногу засегната од бунтот на талибанците.
Австралиската војска ќе остане уште долго време во Авганистан и покрајнеодамнешното решение на Канада да ги повлече своите војски од јужниот дел надржавата, која што е најмногу засегната од бунтот на талибанците.
„Ние сакаме да се разбере, дека нашиот ангажман во Авганистан ќе бидедолгорочен“, изјави денеска австралискиот министер за одбрана, ЏоелФицгибон. „Пред Парламентот изјавив дека ќе биде трагично, доколку се откажатнапразно сите досегашни напори вложени во Авганистан“, истакна Фицгибон. Тојизјави дека ја разбира одлуката на Канада, која што одлучи да повлече 2.500војници до 2011 година. „Тие загубија над 70 војници во Авганистан, така штонивната вознемиреност е разбирлива“, рече Фицгибон./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.