Свет
Палестински пат низ еврејски населби
Западен Брег – Израел
До каде ќе одат и Израел и Палестина во своите барања и однесување во однос на дивите еврејски населби на Западниот Брег, не може да се разбере, ниту, пак, да се реши без да се имаат предвид верските права на Израелците. Експертите на Кризната група предупредуваат на важноста на политичкиот и социјален феномен на камповите кој доколку се игнорира ќе може трајно да ги поткопа шансите на кревкиот израелско-палестински мирПишува: Катерина НЕШКОВАИзраел попушта во барањата за дивонаселените еврејски населби на Западниот Брег оградени со ѕид, а кои изминативе години се најголемата пречка за меѓусебен дијалог меѓу Израел и Палестина. Официјалните власти во неделата, прв пат после девет години, отворајќи патен коридор ги намалија рестрикциите за движење на Палестинците низ главниот град на Западниот брег.Патот ќе можат да го користат само оние Палестинци мотористи кои живеат во близина на областа Хеброн.Но, сега инает води палестинската страна. Хусеин Ал Арај, гувернер на Хеброн, ги повика своите сограѓани Палестинци да не го користат патот бидејќи Израел со оваа мерка само настојува да го прикрие дивото населување на Западниот Брег кое почна во 80-тите години и сè уште трае и покрај повиците на САД тоа да престане.“Оваа одлука на Израел е смислена за да го одвлече вниманието од дивото населување. Ги повикувам Палестинците да не го користат патот бидејќи на тој начин ја помагаат кампањата на Израел да го подобри својот имиџ”, изјави во неделата Ал Арај.Инаку, патот кој го дозволија израелските власти и натаму ќе биде контролиран од безбедносните сили. Тој беше затворен во 2000 г. после неколкудневни насилства.До каде ќе одат и Израел и Палестина во своите барања и однесување во однос на дивите еврејски населби на Западниот Брег, пред две недели анализираше и Меѓународната кризна група. Оттаму тврдат дека прашањето на населување на Западниот Брег не може да се разбере, ниту, пак, да се реши без да се имаат предвид верските права на Израелците.МОЌТА НА НАЦИОНАЛНО-РЕЛИГИОЗНИТЕ КАМПОВИБењамин Нетанјаху е врзан во јазол. Израел се соочува со голем меѓународен притисок за разместување на дивите населби од една страна, а, од друга, тој е во изразито десничарска коалиција во која голема моќ имаат токму водачите од камповите на Западниот Брег. Она што како решение ќе произлезе од разговорите меѓу Вашингтон и Ерусалим ќе биде само еден чекор во долгиот процес како да се стопира натамошното населување, потоа за евакуација на населението, како и за постигнување трајно решение со Палестинците.Експертите на Кризната група предупредуваат на важноста на политичкиот и социјален феномен кој доколку се игнорира ќе може трајно да ги поткопа шансите на кревкиот израелско-палестински мир. Израел од страна на новата решителна администрација на американскиот претседател Барак Обама постојано е под притисок да ги прекине сите населувачки активности. Кризната групата констатира дека прашањето на дивите населби се изменило во последните години, особено што луѓето што живеат во нив веќе формирале семејни заедници, а во нив, пак, големо влијание и моќ стекнале религиозни, националистички, особено ултраортодоксни Израелци. Распоредени во повеќе населби на Западниот Брег, тие својата сила ја црпат од демографските трендови, но и од тоа што израелската армија сè повеќе е зависна од работната сила на локалното население во населбите, а пак, политичарите се зависни од нивните гласови.“Верските права имаат сè повеќе изразена улога во територијалниот компромис со противничката страна. Населувањето на брегот е поддржано од државните институции и тоа ја одвраќа владата од преземање каква било акција на своја рака за растурање или, пак, уништување на таа структура, што би било превисока цена”, анализира Николас Пелхам, постар консултант на Кризната група со седиште во Ерусалим.Ултраортодоксните и национално-религиозни кампови, според пописите, го зголемиле своето учество во вкупниот број население во овој дел во последните шест години за дури 37 отсто. Иако не се обединети во единствен блок, нивните политичари држат околу 50 места во Кнесетот (израелскиот парламент), или околу 40 отсто од владината коалиција. Кризната група тврди дека процентуално, бројката на ваквите групи во Израел сè повеќе расте и, што е најбитно, нивната моќ е поголема од тоа што тие претставуваат како бројка. Тие ги имаат клучните позиции во војската, во владата, во правосудството и образованието, како и во администрацијата и постојано бараат начин како да ги засилат своите позиции во однос на територијалните отстапки што се прават, без разлика дали за тоа имаат или немаат поддршка од државата. Сепак, велат во Меѓународната кризна група, нивната позиција треба да се разбере ако се има предвид дека решението што го заговараат и Израел и Палестина е нивните населби да бидат разместени.МЕРКИ ЗА ИСЕЛУВАЊЕДоговорот меѓу Израел и Палестина околу границите јасно би посочувал кои од населбите би можеле да останат, а кои не. Како и да е, во меѓувреме исто така ќе треба да се направат неколку чекори со кои се доцни со години. Но, религиозните десничари во Израел имаат длабоки корени, па дури и воена интервенција не може да се справи со нивниот отпор. “Но, затоа пак, тоа може да го стори американскиот притисок”, велат во Меѓународната кризна група. Експертите на администрацијата на Обама која треба да покаже цврстина на Израел им предлагаат начини со кои може да се реши проблемот.Како решение се предлага што поскоро да се донесе законската обврска за евакуација на населбите, а која би можела да влијае дел од населението и доброволно да го напушти регионот. Според Меѓународната кризна група, владата на Нетанјаху треба да донесе закон со кој за оние кои ќе прифатат евакуација ќе се предвиди финансиска помош. На тој начин, ќе се изолираат оние членови од кампот кои тврдо стојат на ставот дека и натаму сакаат да живеат во дивите населби на Западниот Брег.За оние кои сопственоста над земјиштето им е повредна од нивниот прилог кон државата, според Кризната група, треба да се истражи под кои услови тие би можеле да живеат под палестинска власт и до која мера Палестинците можат да ги прифатат нив.Меѓународните фактори, вклучувајќи ги и САД, треба да пронајдат начин како овие религиозни групи да се почувствуваат како дел од преговарачкиот процес. Јасната понуда од палестинските водачи дека го гарантираат и штитат пристапот на Евреите во светите еврејски градови кои се под нивна контрола може да преставува позитивен сигнал до религиозните групи за тоа какви ќе бидат постконфликтните односи меѓу двата народа, посочуваат од Меѓународната група во последниот извештај посветен на израелско-палестинските односи.Во исто време, велат експертите, владата ќе треба да ги спроведува своите закони поефективно и конзистентно без разлика дали станува збор за дивите населби на Западниот Брег или, пак, за актите на насилство и провокации против Палестинците.“Повлекувањето од Газа во 2005 г. навистина одеше прилично добро, но би било погрешно доколку се претпоставува дека тоа што се случуваше во Газа може беспрекорно да се спроведе и на Западниот Брег. Разликите во бројките, потоа заднината и населението кое е воено расположено треба да претставуваат предупредување дека е потребно поголемо внимание на ова прашање во текот на разговорите со Палестинците”, му препорача на Израел Роберт Малеј, директор на програмата за Блискиот Исток на Меѓународната кризна група.Тој предлага и конкретна мерка. Владата, за разлика од планот за Газа, би требало многу порано да почне со изградба на алтернативни домови за раселените внатре во територијата на Израел.И претходно, преку меѓународен притисок или анализи на експерти беше барано Израел да ги помести дивите населби. Тоа досега не се случи. Потегот од неделата да се допушти низ населбите да поминуваат Палестинци, западните сили го толкуваат како напредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ќе патува во Кина кон крајот на март, ќе преговара за царините
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја посети Кина од 31 март до 2 април, потврди во петокот функционер на Белата куќа, со што се утврдени датумите за долгоочекуваниот самит во услови на тензии меѓу двете најголеми економии во светот, објави Ројтерс.
Се очекува Трамп да се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг за време на посетата. Двете страни моментално размислуваат дали да го продолжат трговското примирје кое ја запре ескалацијата на царините, рече функционерот, кој побара да не биде именуван бидејќи деталите сè уште не се официјално објавени.
Самиот Трамп го најави патувањето во Кина во четврток пред странските лидери, велејќи: „Ќе биде лудо. Мораме да го направиме најголемиот спектакл во историјата на Кина“.
Тоа ќе биде првиот разговор меѓу двајцата лидери од февруари и нивната прва средба лице в лице од средбата во Јужна Кореја минатиот октомври, кога Трамп се согласи да ги намали царините за Кина во замена за ветувањето на Пекинг да се справи со нелегалната трговија со фентанил, да продолжи да купува американска соја и да обезбеди непречен извоз на ретки метали.
Свет
Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп
Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови за поништување на сеопфатните царини на претседателот Доналд Трамп, објави Политико.
„Во близок контакт сме со американската администрација и чекаме разјаснување за чекорите што тие планираат да ги преземат како одговор на оваа пресуда“, изјави Олоф Гил, заменик-главен портпарол на Европската комисија. „Компаниите од двете страни на Атлантикот зависат од стабилноста и предвидливоста во трговските односи. Затоа остануваме посветени на ниските царини и работиме на нивно намалување“, додаде Гил.
Очекувањето во Европската Унија е дека администрацијата на Трамп повторно ќе воведе царини преку други средства, како што е преку истрагите по Член 232, кои веќе воведоа царини за европски челик и алуминиум во минатото.
„Ја следевме оваа одлука, но очекуваме американската администрација да користи други правни инструменти за повторно воведување царини“, изјави француски дипломат за Политико.
Свет
Врховниот суд ги поништува царините на Трамп
Врховниот суд на САД денес пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел широки царини на глобално ниво. Одлуката е голем удар за Белата куќа по прашање кое е клучно за надворешната и економската политика на претседателот, објавува CNN.
Пресудата, според медиумот, веројатно е најзначајниот пораз што втората администрација на Трамп го претрпе пред Врховниот суд, во кој доминираат конзервативни судии. Минатата година, судот постојано застана на страната на претседателот во случаи поврзани со имиграција, отстранување на раководители на независни агенции и длабоки намалувања на владините трошоци.
Мнозинското мислење, кое беше поддржано од шест од деветте судии, го напиша главниот судија Џон Робертс. Во образложението се наведува дека царините се нелегални затоа што Трамп ги надминал своите овластувања.
„Претседателот си ја присвојува вонредната моќ еднострано да воведува царини со неограничен износ, времетраење и обем“, напиша Робертс за судот. „Со оглед на обемот, историјата и уставниот контекст на овластувањето што го повикува, тој мора да покаже јасно конгресно овластување за негова употреба.“
Судот заклучи дека вонредната моќ што Трамп се обиде да ја повика „не е доволна“, пренесува медиумот.

