Свет
Шверцот на цигари финансира тероризам

Шверцот на цигари и тутун во светот е еден од големите извори за финансирање на тероризмот, а државите ги лишува од десетици милијарди долари
Шверцот на цигари и тутун во светот е еден од големите извори за финансирање на тероризмот, а државите ги лишува од десетици милијарди долари
Според Центарот за општествен интегритет од црниот пазар на тутун во моментов се издржуваат „половина дузина терористички групи” или екстремисти во светот, меѓу кои пакистанските талибанци, Ал-Каида во Магреб, Хезбула, левото крило на ФАРК во Колумбија, како и ИРА-Вистинска во Северна Ирска.
„Ние сметаме дека тутунот станал вториот извор за финансирање по наркотиците за пакистанските талибанци”, објасни претставникот на центарот од САД, Дејвид Каплан.
Освен тоа друг документ, објавен од група од 350 невладини организации, посочува дека шверцот на цигари причинува загуби во размер од околу 40,5 милијарди долари на владите во светот како резултат на неплатени даноци.
Големи центри за производство на фалсификувани цигари се наоѓаат во Кина, Парагвај и Украина./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лондон в година ќе добие такси без возачи

Американската компанија „Вејмо“ објави дека нејзините такси без возачи ќе бидат достапни на улиците на Лондон в година, што ќе го направи британскиот главен град првиот европски град со целосно автономна такси-услуга, пишува „Гардијан“.
Според соопштението на компанијата, возилата првично ќе работат со обучени возачи за безбедност, а целосно автономното возење се очекува да почне во 2026 година по добивањето на потребните дозволи од надлежните британски власти.
„Вејмо“, дел од групацијата „Алфабет“, која е сопственик и на „Гугл“, моментно нуди автономни такси-услуги во Сан Франциско и во неколку други американски градови. Компанијата наведува дека ќе соработува тесно со британското Министерство за транспорт за да обезбеди услови за безбедно воведување на технологијата.
Британската министерка за транспорт Хајди Александар ги поздрави плановите на американската компанија истакнувајќи дека „автономните возила ќе придонесат за нови работни места, инвестиции и поголема достапност на транспортот“.
Целосна имплементација на Законот за автономните возила во Велика Британија се очекува кон крајот на 2027 година, а слични проекти за Лондон најавија и „Убер“ и локалната компанија „Вејв“.
Фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху: Хамас ќе очекува пекол ако не го положи оружјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас ќе се соочи со пекол доколку не се согласи да го положи оружјето.
„Се согласуваме да му дадеме шанса на мирот“, рече Нетанјаху за „Си-би-ес њуз“.
На прашањето што би значело крај на војната во Газа, тој одговори: „Во предвидлива иднина, не само за Израел туку и за слободниот и цивилизиран свет, неопходно е да се задржи способноста за одбрана бидејќи слободата не е трајна, ниту автоматска“.
„Ако не можете да ги браните слободните општества, тие ќе бидат надвладеани од авторитарни или тоталитарни режими“, додаде тој.
Нетанјаху зборуваше и за Трамп и за заштитата на еврејската држава повторувајќи една од неговите мисли: „Начинот на кој се постигнува мир е преку сила“.
Откога Трамп во понеделник во Кнесетот изјави дека Нетанјаху не е најлесен за договор, израелскиот премиер возврати: „Многу сум цврст кога станува збор за иднината на мојата земја“.
„Кога верувам дека она што се бара од мене е исправно, велам ‘да’, а кога мислам дека треба да кажам ‘не’, тогаш велам ‘не’. Тоа е мојата работа – да ја заштитам еврејската држава и да ја обезбедам иднината на еврејскиот народ“, изјави Нетанјаху.
Свет
САД бараат од НАТО повеќе пари за оружје за Украина

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, ги повика сојузниците во НАТО да го зголемат финансирањето за купување американско оружје за Украина по падот на воената помош во јули и во август.
„Мир се постигнува кога сте силни, не со зборови, туку со способности што противниците ги почитуваат“, изјави Хегсет пред состанокот во Брисел.
Тој побара поголеми вложувања во програмата ПУРЛ, преку која се финансира набавката на оружје за Киев. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека веќе се обезбедени две милијарди долари, иако тоа е помалку од очекуваните 3,5 милијарди.
Шведска, Естонија и Финска најавија нови донации, а Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија се соочуваат со критики поради воздржаноста. Украина и понатаму во голема мера зависи од американското оружје додека се подготвува за уште една зима од војната со Русија.