Uncategorized
Свечено отворено 49-то Охридско лето

Најпрестижната културна манифестација во Македонија, „Охридско лето”, вечерва свечено ја отвори македонскиот претседател и покровител на годинешното 49. фестивалско издание, Ѓорге Иванов
Во пригодното обраќање, претседателот Ѓорге Иванов истакна дека манифестацијата „Охридско лето“ има вонвременска димензија во споделувањето на културната различност.„Секоја наредна година, како што се доближуваме кон половина столетие од постоењето на најголемата летна културна манифестација во Македонија, Фестивалот „Охридско лето”, ја осознаваме се’ повеќе нејзината вистинска природа и нејзините вонвременски димензии. Охридското лето е мост на уметноста и културата во овој дел од светот и духовен континуум на древната охридска традиција на духовен и културен центар“, посочи претседателот Иванов.„Искрено се надевам дека и оваа година овој вечен град ќе се воздигне низ звуците, гласовите и играта на многумина светски познати уметници и креатори, ќе ги задржи и погледите и воздишките на многубројните присутни гости и ќе ги разбранува и оживее сенките и убавините на вечно присутните древни култури“, додаде Иванов.Честа да ја отвори уметничка програма на манифестацијата му е доделена на светски познатиот композитор Енио Мориконе со мега спектаклот “Беше еднаш во Македонија”, во Античкиот театар во Охрид.Италијанскиот композитор Мориконе ќе диригира со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои ќе изведат колаж дела од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други.Годинава на фестивалот ќе гостуваат музичари од 17 земји. На Охридско лето за прв пат ќе настапат големите класични музичари Березовски, Мидори, Лесковар, како и швајцарскиот пијанист Тео Георгиу, кој со 16 години е најмладиот учесник на годинашното „Охридско лето”.На 4 август во Античкиот театар ќе настапи најголемата светска акапела атракција, култниот вокален состав „The Swingle Singers“. Во рамки на офф-програмата на 25 јули во Охрид ќе настапи големиот џез-музичар Џорџ Бенсон.Фестивалот ќе го затвори Обединетиот европски камерен оркестар. Од домашните уметници ќе ја видиме пијанистката Елена Мисиркова, Македонската филхармонија, Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски” – Македонија, во класичниот дел, како и Драган Даутовски, Каролина и други во рамки на офф-програмата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се ставени под контрола, а 16 се изгаснати.
Активни пожари има во: Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација); Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума); Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација); Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација); Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација); и Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).
Под контрола се пожарите во: Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
Изгаснати се пожарите во: Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки); Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Василево – с. Василево (ниска вегетација); Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); Струга 2 – с. Октиси (депонија); Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева); Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација); Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева); Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева); и Теарце – с. Непроштено (сува трева).
Uncategorized
Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое сметале дека украл лубеници од нивата на првоосомничениот.
Со товарно возило го следеле оштетениот додека тој со автомобилот се движел од Петровец кон селото Таор, се додека не се паркирал во дворот на куќата на неговиот внук во Орешани, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Осомничените пристигнале веднаш по него, излегле од возилото и го нападнале. Насилно го извлекле оштетениот од возилото и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот, па и со нив го удирале се додека оштетениот не паднал во безсознание. Му нанеле тешки телесни повреди поради кои тој во живото- загрозувачка состојба е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Со дејствијата на насилство, кај сведокот – внукот на оштетениот и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.
Ценејќи ги сите околности и ризици, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Uncategorized
Никоски: Најекономично и најисплатливо справување со отпадот е ако државата се подели на пет региони со пет депонии

Справувањето со отпадот, како едно од најаткуелните прашања, е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпадот, вели директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски. Стручните пресметки и анализи покажале дека најекономично и најисплатливо е групирањето на општините и регионите во државата во 5 регионални системи за управување со отпадот, со 5 регионални санитарни депонии.
Источен Регион и Североисточен Регион – Мечкуевци во Свети Николе, Полошки Регион – Русино, општина Гостивар, Пелагониски Регион – Југозападен Регион – Мегленци, општина Новаци, Вардарски Регион – Југоисточен Регион – Доброшинци, општина Василево и Скопски Регион – Дрисла, Скопје.
„За Источниот и за Североисточниот Регион објавен е тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпадот за двата региона во Свети Николе, како и изградба на 6 претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и во Берово. Паралелно ќе се одвива градбата на претоварните станици и на регионалната депонија. Додека не се изгради целиот систем, нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпадот, односно телото на депонијата, постројката за механичко-биолошки третман, пречистителната станица, линијата за селекција и така натаму“, вели директорот Никоски.
Спроведени се активности за затварање на нестандардните депонии и ѓубришта. Во зависност од количината на отпадот, предвидени се три начини за справуавње со депониите.
Најмалите ѓубришта ќе бидат, едноставно, исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга блиска непрописна депонија.
Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви, кои ќе ја вршат улогата на собирање депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води, како и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, На ваквите места Никоски вели дека ќе бидат поставени ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници и мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот. Оние непрописни депонии што ќе го прибираат отпадот, пак, сѐ до почнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпадот, ќе се извршат некои од горенаведените операции, без финално затворање и тие ќе останат во функција. „За конечно затворање на овие непрописни депонии, предвиден е друг проект (II фаза), кој ќе се реализира по изградбата на регионалната депонија во Мечкуевци, општина Свети Николе, а планиран во рамките на ИПА III. Обврската за одржување на исчистените локации останува на секоја општина во согласност со договорот потпишан со МЖСПП“, вели директорот Никоски.
Пари за овој проект се обезбедени од ИПА-фондовите и со национално кофинансирање. За Полошкиот Регион – Русино и за Пелагонискиот и за Југозападниот Регион – Мегленци, општина Новаци, проектите се реализираат со средства од заемот од ЕБРД. Никоски вели дека е пред крај подготовката на тендерската документација и се очекува во најбргу што може да се објават тендерите за градба, односно за реконструкција на регионалниот систем за управување со отпадот – Русино во Полошкиот Регион и претоварна станица во Тетово, претоварни станици во Дебар, Охрид и во Прилеп и затворање на депонијата во Новаци и надзор над работата.
Во моментот во тек е тендер за набавка на возила и контејнери за општините од Пелагонискиот и од Југозападниот Регион.
За Вардарскиот и за Југоисточниот Регион – регионална депонија во Доброшинци, во тек е тендерска постапка за изработка на плански документи, која исто така е финасирана со заемот од ЕБОР.
За Скопскиот Регион – Дрисла, пак, тече постапка за избор на консултант, кој треба да ги подготви сите неопходни документи за развој на депонијата „Дрисла“ и за воспоставување на регионалниот систем за Скопскиот Регион. Постапката за избор ја води ЕУ-делегација и целиот проект ќе биде финасиран со грант-средства од ЕУ.