Контакт

Uncategorized

Енио Мориконе – Once Upon A Time in Macedonia…

Објавено пред

Честа да го отвори овогодинешното издание на нашата најголема културна манифестација „Охридско лето“ на 12 јули ќе ја има композиторот и аранжер Енио Мориконе, придружуван од Унгарскиот филхармониски оркестар и хорот на Македонската опера и балет

dobivaj vesti na viber

Енио Мориконе е најверојатно најпознатиот композитор на филмска музика на дваесетиот век. Исто така, тој е и меѓу најпрофилираните композитори поради неговата работа во безброј различни медиуми. Сигурна бројка не е достапна, но тој изработил филмски теми за неколку стотици филмови низ минатите неколку децении. Се претпоставува дека се работи за преку 500. Иако, неговите теми се нашле во секој филмски жанр кој што може да се замисли (истото важи и за музичките стилови кои ги користи), тој најмногу се идентификува со шпагети вестерн стилот на звучна позадина за филм. Тој е всушност пионерот на овој правец, прославувајќи се со темите за филмовите на режисерот Серџо Леоне. Палетата на делата на Мориконе е неверојатно разнолика, движејќи се од класична музика, џез, поп, рок, електроника, авангардна музика, италијанска музика итн. Проценуван од најважните личности во модерната музика како Џон Зорн, (не споменувајќи ги модерните филмски режисери како Мартин Скорсезе), Мориконе не може да се смести само во класата на најдобри композитори на филмска музика, туку и во најважните современи композитори од кој било вид.Мориконе започнал со студии на само 12 години на римскиот конзеваториум „Санта Сесилија“. Мотивиран од своите инструктори да се фокусира на композиција, Мориконе се издржува свирејќи труба во џез оркестри, за потоа, откако дипломира да се вработи во италијанската национална радио мрежа. Тој не почнал да компонира теми за филм се‘ до раните шеесетти, а меѓународното внимание го стекнува дури кога ја започнува соработката со Леоне. Клучниот момент е филмот „За грст долари” („A Fistful оf Dollars“) во средината на шеесеттите. Шпагети вестерн филмовите одбележуваат само мал дел од кариерата на Мориконе, но за многумина овој период важи за најдобар и најиновативен. Мориконе ги засилуваше филмските заплети и самата драма низ непредвидливи инструментализации и аранжмани. Дисонантни хармоники, играчки пикола, бомбастични црковни оргуљи, симпатични свиркања и викални коруси-сето ова стана заштитен знак на продукциското дуо Мориконе-Леоне, но и на целиот шпагети вестерн жанр. Влијанието од рокенролот се чувствуваше во тивките, демнечки и застрашувачки гитари кои влијаеа (случајно или намерно) врз творештвото на низа артисти и групи како „The Ventures“, Двајн Еди, „The Shadows“ и Џон Бери. Најпознатата тема на Мориконе е носечката мелодија на филмот „Добриот, лошиот и грдиот“ („The Good, the Bad and the Ugly“). Кога Хуго Монтенегро ја преработи оваа песна, таа стигна на првото место на официјалната американска топ листа. Иако извесно време беше зафатен со филмовите на Леоне, Енио Мориконе секогаш наоѓаше време за најразлични филмски проекти како класиките „Алжирска битка” („Battle of Algiers“) и ”Гори!” („Burn“). На крајот на седумдесетите, Мориконе почна да се оддалечува од Леоне и шпагети вестерн филмовите, фокусирајќи се на соработката со бројни режисери ширум светот. Грандиозните оркестрации и незаборавните мотиви за Мориконе се нешто сосема вообичаено. На пример, Ворен Бити не ја пропушти приликата во едно свое интервју за Los Angeles Times да забележи : „Не постои подобар композитор од Мориконе кога треба да се направи филмска тема!”. Добрите резултати продолжија и кога Енио Мориконе почна да експериментира со електронска музика. Возраста не го запре Мориконе. Всушност, во последниве три декади тој го доживува својот најголем комерцијален успех и добива највисоки признанија од сите страни на светот. Дури, беше и номиниран за Оскар за музиката во филмот „Мисијата” („The Mission“) во 1986 година. Од тогаш, па до денес, Мориконе соработувал со најдобрите светски режисери како : Педро Алмодовар, Брајан де Палма, Роман Полански, Мајк Николс, Оливер Стоун и Бери Левинсон. Најверојатно, од поновите филмски теми на Мориконе, најзабележителна е музиката за филмот „Синема Парадизо” („Cinema Paradiso“).

Uncategorized

Израелски напад врз училиште во Појасот Газа

Објавено пред

Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.

Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.

Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.

Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот

Објавено пред

Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.

dobivaj vesti na viber

За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога

Објавено пред

Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.

dobivaj vesti na viber

Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.

Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.

„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.

На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.

„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.

Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.

Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.

„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 час

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 час

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија3 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ21 час

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија23 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија24 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија24 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...