Спорт
Почина сопственикот на Пистонси

Во 86-та година од животот почина Вилијам Дејвидсон, член на кошаркарската Куќа на славните и сопственик на тимот од НБА Детроит Пистонс
Вилијам Дејвидсон во светот на спортот беше познат како сопственик на повеќе клубови во разни спортови. Покрај Детроит Пистонс, тој имаше сопственост и во тимот од истиот град Детроит Шок, кој се натпреварува во женската професионална кошаркарска лига WNBA. Дејвидсон имаше удел и во корпорацијата Палас спортс ентернамент, која ја има сопственоста над Тампа Беј Лајтинг, во професионалната хокеарска лига. Клубовите во кои тој имаше сопственичку удел имаат освоено вкупно сеедум престижни титули, и тоа три во NBA, три во WNBA и една во NHL.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИА го казни Хамилтон, Британецот остана без седмото место во Сингапур

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со пет секунди на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1. Седумктатниот првак доби казна бидејќи неколку пати визеше надвор од патеката.
Хамилтон во Сингапур го освои седмото место, но поради казната заврши на осомото, а седми е Фернандо Алонсо.
Во финишот на трката Хамилтон имаше предност од 4 секунди во однос на осмиот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, но сопирачките на автомобилот на Ферари откажаа, па тој пресече неколку кривини и ја напушти патеката на патот кон целта.
Седумкратниот светски шампион ја заврши трката на седмото место со четири десетинки предност, но со казната падна на осмото место.
Шампионатот продолжува за две недели, со Големата награда на САД на 19 октомври, во Остин, Тексас.
Спорт
Руни: Салах само гледаше како играчите на Челзи го растураат неговиот дефанзивец, а Салах само гледа

Вејн Руни го критикуваше Мохамед Салах по драматичниот пораз на Ливерпул на гостински терен од Челзи во саботата навечер. Тој е убеден дека како капитен Вирџил ван Дајк би морал да разговара со Египќанецот.
Во пет од седум натпревари од Премиер лигата оваа сезона, Салах не постигна гол, тој е далеку од формата во која беше минатата сезона, а неговата себичност повторно доаѓа до израз во некои ситуации. Тоа е особено впечатливо по трите последователни порази на Ливерпул – два во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.
И двата порази во Премиер лигата дојдоа во судиското продолжение.
Руни не само што ја критикуваше изведбата на Салах во нападот, туку беше многу критичен и кога стануваше збор за неговата игра во дефанзивата и дека Салах има „проблем со егото“ по доаѓањето на Флоријан Вирц, Александар Исак и Иго Екитике.
„Со доаѓањето на играчи како Исак, Екитике и Вирц, со количината на пари потрошени за нивните трансфери, што мисли Салах сега? Како размислува?
Сите врвни играчи имаат големо его, а Мохамед Салах е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата многу долго време.
Мислам дека оваа минатата недела покажа дека кога сè оди добро, кога се постигнуваат голови и се победува, тогаш сè е одлично. Но, што се однесува до оваа последна недела, тука се поставува прашањето за неговата работна етика.
„Знам дека не секогаш се враќа, не секогаш помага во одбраната, но во натпреварот против Челзи дефанзивците „гисечат на парчиња“ од неговата страна, а тој само гледа“, рече Руни.
Спорт
Федерер избра петмина тенисери, имале големо влијание врз неговата кариера

Роџер Федерер, еден од членовите на „Големата тројка“, најуспешната генерација во историјата, ги избра петте најдобри тенисери според својот вкус. Швајцарецот беше гостин во подкастот на нигерискиот пејач, Берн Бој.
Федерер издвои пет тенисери, но не ги рангираше. Ги издвои поради важноста што ја имаа врз него, како и влијанието што го имаа врз него додека растеше. Може да се каже дека ги наведе по хронолошки редослед, а не според квалитетот.
„Ми требаше некој на кого ќе се угледувам кога бев млад. За мене тоа беше Стефан Едберг“. Швеѓанецот во еден период му беше тренер на Федерер.
„Тој секогаш ја напаѓаше мрежата и сакав да играм како него. Тука е и Борис Бекер. Кога играа еден против друг, секогаш ги гледав“.
И Едберг и Бекер играа сервис-волеј, што беше токму стилот на Федерер на почетокот на неговата кариера. Потоа го смени тоа и играше така само понекогаш.
Потоа Федерер наведе уште три имиња.
„Пит Сампрас е следен, а потоа секако Надал и можеби Ѓоковиќ. Се сеќаваш ли на него?“, разговорот целосно се претвори во шега во тој момент.
Кога Берн Бој го прашаа кои се неговите најдобри фудбалери, Роџер избра.
„Марадона, Зидан, Тиери Анри беа моите омилени играчи кога растев. Денес не можете да ги прескокнете Меси и Роналдо. Тие ги рушат сите рекорди“.