Uncategorized
Војската планира да владее со Тајланд најмалку една година

Најмалку една година планира да владее војската со Тајлан, по синоќешниот воен удар извршен без ниту еден испукан куршум.
Најмалку една година планира да владее војската со Тајлан, по синоќешниот воен удар извршен без ниту еден испукан куршум.
„Мала е веројатноста новите избори на Тајланд да се одржат пред септември следната година, со оглед на фактот дека е потребно време за реформа на Уставот“, соопшти денеска на прес конференција водачот на ударот, генерал Сонтхи Бунујаратглин.
Тој додаде дека датумот на изборите ќе биде соопштен откако на референдум ќе се донесе одлука за новиот устав.
Претходно, генералот изјави дека воениот удар во Тајланд беше нужен, а војската нема намера вечно да остане на власт.
Тој потврди дека војската го суспендирала уставот, го распушти сенатот, застапничкиот дом, владата и уставниот суд.
„Преодната влада неколку пати го навреди кралот и затоа моравме да ја преземеме власта, да ја вратиме состојбата во нормала, час поскоро да создадеме единство во земјата и да му ја вратиме власта на народот“, изјави Бунујаратглин.
Генералот го обвини вршителот должност премиер, дека предизвикал раскол без преседан во општеството, поттикнал ширење на корупцијата, непотизмот и ги блокирал независните институции.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Кофи Анан денеска го осуди воениот удар на Тајланд против премиерот Таксин Шинаватра, кој учествува на годишното собрание на ОН и повика на смирување на состојбата.
Финска во својство на претседавач со Европската унија (ЕУ) изрази длабока загриженост поради состојбата во Тајланд и повика на повторно воспоставување на демократскиот поредок.
Тајландската војска синоќа ја презеде контролата во Бангкок без истрелан куршум и најави формирање на комисија за реформа на уставот.
Власта сега е во рацете на Бунујаратглин, кој неодамна бил разрешен од должноста генерал од страна на премиерот Таксин. Портпаролот на тајландската владата од Њујорк порача дека државниот удар во земјата нема да успее
./крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.